десно|мини|320x320пкс| Првата висока човечка кула на Кастељери на Вилафранка десно|мини|326x326пкс| Првиот три од десет во историјата, 'Кастељери на Вилафранка десно|мини|364x364пкс| Првиот четири од девет од Кастељери на Вилафранка десно|мини|370x370пкс| Кастељери на Вилафранка Кастељери на Вилафранка е културно и спортско здружение чија главна цел е изградба на каталонска човечка кула. Има статус на здружение од јавен интерес. Групата е основана во 1948 година како одговор на зголемениот интерес за изградба на човечки кули во Вилафранка дел Пенедес, каталонска традиција која постои од 18-тиот век.
Во 2010 година, Кастељери на Вилафранка имале околу 400 активни членови.
Историја десно|мини|320x320пкс| Кула од луѓе десно|мини|360x360пкс| Кастељери на Вилафранка Културното здружение Кастељери на Вилафранка било основано во септември 1948 година од Ориол Росел, кој станал првиот технички менаџер на групата. Групата започнала со кули на седум нивоа и воспоставила блиски односи со вакви групи од други градови. Првите водачи биле Ориол Росел (1948-1952) и Рамон Сала (1953-1955). Групата првично носела кошули во розова боја, а подоцна и црвени.
Во 1975 година, групата поминала низ внатрешно реструктуирање. Во 1981 година, било одлучено дека членовите на тимот повеќе нема да бидат платени. Ова предизвикало поделба во групата.
Групата победила на натпреварите во 1996, 1998, 2002, 2004, 2006, 2008, и 2012 година. Во 2005 година, Кастељери на Вилафранка успеале да напрват кула од девет, што се смета за најтешката кула направена од која било група досега.
Франсеск Морено „Мелила“ бил водач меѓу 1995 и 2003 година и Луис Ескласанс од 2004 до 2007 година. Дејвид Мирет бил избран за нов водач во декември 2007 година.
Во својата историја, Кастељери на Вилафранка постигнале најголем дел од конструкциите што биле видени во која било изведба.
Наводи
Категорија:Спортот во Каталонија