„Њујоршки приказни“ (англиски: New York Stories) — омнибус-филм од 1989 година, составен од три дела чија заедничка тема е Њујорк. Првиот дел е насловен „Животни поуки“ во режија на Мартин Скорсезе, според сценариото на Ричард Прајс, а во главната улога настапува Ник Нолти. Вториот дел, со наслов „Живот без Зои“, е режиран од Френсис Форд Копола, а авторка на сценариото е неговата ќерка Софија Копола. Третиот дел носи наслов „Едиповиот бродолом“ во режија на Вуди Ален, кој е автор и на сценариото, а глуми и една од улогите.Retrospektiva Woodyja Allena: Newyorške priče, američki film (пристапено на 24.10.2023)
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1989 година Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови на Мартин Скорсезе Категорија:Филмови на Вуди Ален Категорија:Филмови на Френсис Форд Копола Категорија:Филмови со Вуди Ален Категорија:Филмови со Ник Нолти Категорија:Филмски омнибуси Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк