Штерјо Милиор Апостолина () — македонски револуционер од влашка народност, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис лево|мини|322x322пкс|Апостолина со своето семејството, Периволи, 1912 г. мини|Четите на Александар Кошка и Штерјо Апостолина Апостолина е роден во гребенското село Периволи. Тој го организирал влашкиот комитет за вооружена борба во Македонија заедно со Александар Кошка во градот Букурешт.Minov, Nikola. The Aromanians and IMRO, в: Macedonian historical review, vol.2, 2011, стр.192. Во април 1907 година влегува во Македонија по каналите на ВМОРО со комитите Наки Апостолина (негов син), Мика Фуска и Стерјо Ниби од Периволи и Симо Кража од Самарина. Според Василе Диаманди - Аминчјанул, кон нив се придружиле и други Власи од Пинд, тоа се капетан Михали Тегујани, Леон Константинеску, Нули Шаманику, Георге Шаманику и Апостолаке од Периволи, Нику Баламоти од Војуша, како и Кота, Георге Буташи, Василе Буташи, Зику Цаца, Георге Цаца, Скупреи и други од Фрашер. Четата била активна во Костурско, Гребенско и Пинд, каде се борел против чети на грчката вооружена пропаганда во Македонија.Minov, Nikola. The Aromanians and IMRO, в: Macedonian historical review, vol.2, 2011, стр.194-195.
Наводи
Категорија:Луѓе од Периволи Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски Власи Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија