Јован Таковски (, – , ) — македонски теолог, свештеник, професор, преведувач.
Животопис Таковски е роден на 18 март 1942 година во селото Умлена, Пехчевско, тогаш во Царството Бугарија, односно за време на окупацијата во Втората светска војна. Богословија завршил во Призрен, Богословски факултет во Белград (1967), Филолошки факултет во Скопје (1980), а последипломски студии во Париз. Докторирал како прв доктор по теолошки науки на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Работел во Богословијата и на Богословскиот факултет во Скопје. Бил декан (2001–2004) на Факултетот и посетувачки професор (2006) при Мелбурншкиот универзитет во Австралија. Ракоположен за ѓакон (1973) и во свештенички чин (1993). Член на литературните преведувачи на Македонија. Автор на повеќе преводи и на научни прилози и одделни публикации. Учесник на научни трибини и собири во земјата и во странство.
Награди 2016 - Медал за заслуги за Македонија - за постигнатите исклучителни резултати од долгогодишната научна, образовна и книжевна дејност од областа на богословските науки.
Поврзано Терминологија од областа на теологијата
Наводи
Категорија:Македонски теолози Категорија:Македонски свештеници Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски јазичари Категорија:Југословенски теолози Категорија:Југословенски свештеници Категорија:Југословенски преведувачи Категорија:Југословенски јазичари Категорија:Носители на Медалот за заслуги за Македонија