Входот Христов во Ерусалим — слика масло на платно од 1617 година на фламанскиот уметник Антонис ван Дајк, која се наоѓа во Уметничкиот музеј на Индијанаполис, во Индијанаполис, Индијана. Сликата го прикажува входот на Исус во Ерусалим како што е опишано во евангелијата, настан кој се слави на Цветници.
Опис Ван Дајковиот приказ на входот на Исус во Ерусалим е сосем доследен со библиските записи. Магарето што го јава е речиси целосно обвиено со неговите алишта во сина и темноцрвена боја. Него го опкружуваат неговите ученици кои го следат пешки, и радосно пречекан од толпата месни жители кои поставуваат гранки на неговиот пат. Станува збор за многу младешка, енергична работа, полна со светли бои и ситни потези на четката. Немирот и мускулестоста на ликовите се многу барокни. Натурализмот и големата големина на ликовите им даваат огромна непосредност, давајќи драма на наративот.
Историски информации Насликан кога Ван Дајк имал само околу 18 години, Входот Христов во Ерусалим го покажува неговото рано владеење на медиумот. Тој веќе бил главен помошник на Петер Паул Рубенс. Додека веќе работел на развивање на свој, поцврст стил, Ван Дајк бил под големо влијание на Рубенс, како што може да се види во живописните бои, динамичниот состав и големите размери.
Изложби Од ноември 2012 до март 2013 година, оваа слика била изложена во Прадо како дел од изложбата наречена „Младиот Ван Дајк“. Опфаќајќи го неговото дело од 16 до 22 години, оваа изложба собрала околу 90 уметнички дела од времето кога тој престојувал во Антверпен. Овој број вклучувал 30 големи, амбициозни уметнички дела како Входот Христов во Ерусалим. Ова конкретно дело, сепак, бил забележано како едно од неговите најекпериментални, бидејќи младиот уметник се обидел да го зголеми визуелното влијание во неговите дела.
Стекнување Входот Христов во Ерусалим бил купено од г-дин и г-ѓа Херман К. Кранерт во 1958 година како подарок за Уметничката школа Херон, која подоцна делумно еволуирала во ИМА. Во моментов се наоѓа во галеријата Вилијам К. Грифит Џуниор и Каролин К. Грифит и има пристапен број 58.3.
Поврзано Вход во Ерусалим Вход Христов во Ерусалим (Мајстор од Таул)
Наводи
Надворешни врски IMA страница . Младиот Ван Дајк
Категорија:Слики од Антонис ван Дајк Категорија:Уметнички слики од 1617 година Категорија:Слики во Уметничкиот музеј на Индијанаполис