Награда „Пегаз“ – книжевна награда за најдобар необјавен македонски роман на годината.

Историјат Наградата „Пегаз“ е востановена во 2019 година, како своевидно продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Целта на наградата „Пегаз“ е да прерасне во книжевен скаут во потрага по квалитетно романескно остварување и по нови писателски гласови што ќе го унапредат овој книжевен вид во рамките на македонската книжевна продукција.

За наградата „Пегаз“ Конкурсот за наградата „Пегаз“ e распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. За наградата можат да конкурираат сите необјавени романи наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма во „ворд“ или во ПДФ-формат. Ракописите ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа.

Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ, статуетка и објавување на романот во посебна едиција „Пегаз“.

Досегашни добитници на наградата „Пегаз“

2019 - Соња Манџук со романот „Насон прочитана книга“ (од 77 ракописи) 2020 - Владо Јаневски со романот „Мртвите знаат најдобро“ (од 61 ракопис) 2020 - Љупчо Петрески со романот „Лазарка“ (од 61 ракопис) 2021 - Александар Русјаков со романот „Хотел меѓу две војни“ (од 44 ракописи) 2022 - Сибо со „Зелениот дворец“ (од 38 ракописи) 2023 - Јована Матевска Атанасова со „Риба во(н) мрежа“ (од 36 ракописи) 2024 - Владимир Јанковски со „Ехото на акробатите“ (од 56 ракописи) 2025 - Фросина Пармаковска со „Кривата Дијана“ (од 45 ракописи)

Романи во најтесен избор

Покрај доделувањето на наградата „Пегаз“, секоја година се селектираат и романи во најтесен избор за објавување:

2019 - романот „Курвини синови“ од Александар Русјаков 2020 - романите „Албино трип“ од Александар Русјаков и „Деса“ од Ивана Трајаноска 2021 - романите „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска 2022 - романите „Писма од лудница“ од Срѓан Ивановиќ, „Мртва коска“ од Димче Парталоски и „Есента во животот на професорот по марксизам“ од Моџо Килингтон 2023 - романите „Страшни приказни“ од Сузана Камберова, „Неочекувано“ од Ана Мовска (псевдоним) и „Интервенција“ од Игор Рамдедов 2024 - романите „И“ од Кристина Краличин, „Брчка или За болешливото здравје“ од Филип Љ. Трајковски и „73 денови“ од Иво Митев 2025 - романите „Пацер“ од Коста Бојчески, „Изгубени низ дупки во џебовите“ од Владо Јаневски и „Солдат 1882“ од Добре Тодоровски

Наводи

Категорија:Награди:Книжевност:Македонија Категорија:Македонски литературни награди