Ресул Шаќири ( во ) — македонски комунистички деец, општественик и државник.
Животопис
Завршил гимназија, а потоа студирал на Филозофскиот факултет во Скопје.
Бил член на Сојузот на комунистите на Македонија (СКМ) од 1950 година, претседател на Општински комитет и член на Претседателството на Централниот комитет на Народната младина на Македонија, директор и главен и одговорен уредник на весникот „Flaka e Vellazerimit“ („Фљака е Влазримит“; во превод Пламен на братството).
Исто така, бил член на Извршниот совет на Народна Република Македонија, член на Извршниот одбор на Републичката конференција на ССРНМ, член на Градскиот комитет на СКМ во Скопје и пратеник во Собранието на Социјалистичка Република Македонија.
Наводи
Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски пратеници Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Југословенски пратеници Категорија:Југословенски уредници Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје