мини|323x323пкс|Зигфрид ја пие крвта на Фафнир Зигфрид (, средногорногермански: Sivrit) или Сигурд (, од sigr — „победа“, urðr — „судбина“) — еден од најважните јунаци на германско-нордиската митологија и еп, јунакот на „Песната за Нибелунзите“. Според митот, Зигфрид бил велик воин што постигнал многу подвизи. Еден од неговите подвизи бил да го победи змејот Фафнир. Откако се намачкал со крвта и маснотиите на чудовиштето, се здобил со неранливост, но само мала површина од телото на грбот останала незаштитена. И во нордиската и во германската традиција, смртта на Зигфрид е претставена како последица на кавга помеѓу неговата сопруга Кримхилда, и друга жена, Брунхилда, која ја измамил да се омажи за бургундскиот крал Гундахар.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Средновековни легенди Категорија:Нордиска митологија Категорија:Митови