Јужна Курландија или Јужно Курземе () — општина во западна Латвија. Го опкружува градот Лиепаја, трет по големина во земјата. Основана е со административната реформа во 2021 г. Седиште е паланката Гробиња.
Географија мини|Карта на Јужна Курландија со нејзините жупи. мини|Плажа и дини на ’ртот Бернати, најзападна точка на Латвија. мини|Предел во жупата Цирава. мини|Поранешната управа на Ајзпуте, денес ликовно училиште. Јужна Курландија е најголемата општина во Латвија со површина од . Сместена е во југозападниот дел на областа Курландија во западна Латвија, на брегот на Балтичкото Море. Се граничи со општините Вентспилс на север, Кулдига на североисток и Салдус на исток. Територијално го опкружува пристанишниот град Лиепаја на запад. На југ и југоисток се граничи со Клајпедскиот и Телшјајскиот округ во Литванија. Најзападната точка на латвија е ’ртот Бернати во жупата Ница јужно од Лиепаја.
Бреговата линија на општината Јужна Курландија е долга преку 100 км. Ерозијата на брегот северно од Лиепаја е забрзана од бранобраните на пристаништето кои го попречуваат преносот на песок во северен правец долж брегот. Брегот јужно од Лиепаја има песокливи плажи и дини, зад кои се наоѓаат лагуни и мочуришни низини. Најголеми лагуни се езерата Лиепаја и Тосмарес на општинската граница со Лиепаја, како и езерото Папе крај границата со Литванија. Возвишението Риетумкурса се издига источно од крајбрежната низина, при што највисока точка во општината е Криевукалнс (190 м) во жупанијата Ембуте.
Низ општината течат реки како Барта (која тече од Литванија и завршува во езерото Лиепаја), Дурбе и Тебра, кои се слеваат образувајќи ја реката Сака кај истоименото село. Сака се влева во Балтичкото Море кај Павилоста.
Природниот резерват Папе зафаќа површина од 10.853 ха и го опфаќа езерото Папе со околните предели. Го сочинува копнениот дел од Моклишниот комплекс Папе кој е рамсарско место, но и соседниот морски предел, со вкупна површина од 51.725 ха. Природниот парк Бернати ги опфаќа ’ртот Бернати и ридот Пусену, највисоката песочна дина во Латвија со 37 м. Во северниот дел на општината е Природниот резерват Грињу.
Историја Општината Јужна Курландија површински одговара на поранешниот округ Лиепаја (1991-2009). Со укинувањето на окрузите во 2009 г. овој округ е поделен на општините Ајзпуте, Дурбе, Гробиња, Ница, Павилоста, Приекуле, Руцава и Вајњоде. Во 2020 г. парламентот одобрил административна реформа со која бројот на општини се намалува од 119 на 42. Споменатите општини се споени, и така е создадена општината Јужна Курландија.
Административна поделба Општината има 19 советници. Граѓанската заштита, образованието и комуналиите се заедничка надлежност на општината и градот Лиепаја.
Општината е поделена на 5 паланки и 26 жупи:
Паланки Ајзпуте Гробиња Дурбе Павилоста Приекуле Жупи Ајзпуте Барта Бунка Вајњоде Вергале Вецпилс Вирга Гавиезе Грамзда Гробиња Дуналка Дуника Дурбе Ембуте Кажа Казданга Калвене Калети Меѕе Ница Отањќи Приекуле Руцава Сака Тадајќи Цирава
Население Во 2021 г. општината броела 33.364 жители. Ова претставува пад од 28 % во однос на 46.451 жители во 2000 г. и пад за 13 % во однос на 38.351 жители во 2011 г.
Општинското седиште Гробиња во 2021 г. имало 3.522 жители. Најголемо населено место е Ајзпуте, со проценето население од 4.036 жители за истата година.
Стопанство и инфраструктура Позначајни гранки во Јужна Курландија се туризмот, земјоделството, шумарството и риболовот. Поважни сообраќајни врски се државниот пат A9 од Лиепаја за Рига и A11 од Лиепаја за граничниот премин кај Руцава. Во правец исток-запад низ општината се протега железничката линија Јелдава-Лиепаја. Во општината е сместен и Меѓународниот аеродром Лиепаја, во Цимдениеки веднаш источно од Лиепаја.
Наводи
Надворешни врски
Портал на Општина Јужна Курландија
Категорија:Општини во Латвија Категорија:Држави и територии настанати во 2021 година