Чипровци () — гратче во северна Бугарија, административен центар на општината Чипровци во Монтанската Oбласт. Има население од околу 1.571 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија и местоположба Чипровци се наоѓа на 505 m надморска височина во тесна долина во Западна Стара Планина долж горниот тек на реката Огоста, опкружена со Чипровска Планина на југозапад и Јазова Планина. Гратчето се наоѓа на 49 км северозападно од регионалниот центар Монатана.
Историја Чипровци уште од средниот век бил рударско-металуршки центарLeslie Strnadel, Patrick Erdley: Bulgaria (Other Places Travel Guide). Other Places Publishing, 2012, s. 115-116. ISBN 978-0-9822619-9-6., еден од најзначајните рударски центри за сребро и злато на БалканотDorling Kindersley Ltd: DK Eyewitness Travel Guide: Bulgaria. Dorling Kindersley Ltd, 2011, s. 182. ISBN 978-1-4053-6852-0.. Во првите векови од османлиското владеење, рудниците кај Чипровци привлекувале католички германски рудари − главно дунавски Германци.Charles A. Frazee: Catholics and Sultans: The Church and the Ottoman Empire 1453-1923. Cambridge University Press, 2006, s. 109. ISBN 978-0-521-02700-7. Заедно со рударите, фрањевските монаси дојдоле во Чипровци и градот станал просперитетен мисионерски центар на католичката вера со првиот манастир во оваа област. Во овој период градот економски се развивал, а османлиските власти му дале поголеми права и слободи од кој било друг центар во Бугарија во тоа време.
Во 1688 година жителите на градот организирале Чипровското востание кое завршило со пораз − турските трупи го срамниле градот со земја, жителите биле убиени или заробени. Градот останал ненаселен 30 години. На почетокот на 18 век, градот повторно се родил и станал центар на традиционалното производство на килими.
Наводи
Поврзано Чипровски килими
Надворешни врски Официјална веб-страница на општината Чипровци
Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Монтана