Азатот () — почеток на недовршениот роман на американскиот писател на ужасите Хауард Филипс Лавкрафт. Делот од 480 збора е напишан во јуни 1922 г. и е првото објавено дело во списанието „Leaves“ во 1938 г. по смртта на писателот."H. P. Lovecraft's original fragment, 'Azathoth'" Приказната припаѓа на циклусот „Митови за Ктхулху“ и овде за првпат се среќава древното божество Азатот, иако ова суштество се појавува само во заглавието.

Содржина Приказната опишува како современиот свет ја губи вообразбата и вербата во волшепството. Главниот лик е неименуван човек што живее во досаден град. Секоја вечер без прекин гледа низ прозорецот кон ѕвездите. Еден ден тој успева да го премости јазот меѓу неговиот свет и ѕвездите, а неговиот ум оди во бескрајниот простор, низ времето, за да види тајни за кои човештвото не е свесно.

Издание на македонски јазик

Азатот — издавач „Полиграматон“ (2023)

Наводи

Надворешни врски

Азатот — врска кон „Полиграматон“, каде можете да го прочитате расказот на македонски.

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Раскази Категорија:Раскази од Хауард Лавкрафт Категорија:Хауард Филипс Лавкрафт