Македонски парламентарни избори (2024) — единаесетти по ред парламентарни избори во Македонија. Парламентарните избори се одржале на 8 мај 2024 година заедно со вториот круг на Претседателските избори.

Вовед На Македонските парламентарни избори во 2020 година победила коалицијата „Можеме“, формирана околу Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Движењето Беса. Ова било првпат од 2002 година социјалдемократите да излезат на врвот на ваков тип на избори. Овој настап сепак бил оквалификуван како тесна победа поради малата разлика во гласовите и местата што ја делеле коалицијата од онаа на „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Поразот на вторите, сепак, на меѓународно ниво бил дочекан со олеснување, при што економските и дипломатските кругови стравувале дека нивното доаѓање на власт би предизвикало нова тензија во регионот и би го довело во прашање почетокот на пристапните преговори со Европската унија, поради противењето на ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор и договорот за добрососедство со Бугарија.

Бидејќи ниту една партија немала апсолутно мнозинство, требало да се преговара за формирање на коалициска влада. Демократската унија за интеграција, која се наоѓала на третото место, се нашла на позицијата на креатор на владата, а со тоа туркала да го потврди своето барање во кампањата за добивање на функцијата претседател на владата или „Албанец премиер“, нешто што и Зоран Заев и Христијан Мицкоски го оцениле како неприфатливо.

Првата седница на новиот законодавен дом заседавала на 4 август, со примена на бројни конкретни здравствени мерки поради пандемијата на Ковид-19. Оваа прва собраниска седница отворила дваесетдневен период на кој лидерот на победничката партија на изборите, Зоран Заев, преговарал за добивање на апсолутното мнозинство пратеници. По овој рок задачата да ги води овие преговори би паднала на Христијан Мицкоски.

СДСМ и ДУИ биле блиску до договор за коалиција, претседателот Стево Пендаровски го задолжил Зоран Заев да формира влада. Конечно на 18 август бил постигнат договор меѓу двете партии за повторно именување на Зоран Заев за шеф на владата. На тој начин, ДУИ се откажувал од своето изборно ветување дека ќе назначи претседател на владата од албанското малцинство, но за возврат добила гаранција дека следниот претседател на преодната влада задолжен за тековните работи во текот на 100-те дена пред следните избори би дошол од оваа етничка група. Коалициската влада ја добила поддршката и од Демократската партија на Албанците и изгласала доверба во парламентот на 30 август 2020 година.

По тешкиот пораз на Социјалдемократскиот сојуз на локалните избори, на 31 октомври 2021 година, Зоран Заев најавил намера да поднесе оставка од раководството на партијата и владата. Една недела подоцна, лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски најавил дека ќе поднесе предлог за гласање на недоверба со поддршка на Движењето Беса, досега член на парламентарното мнозинство, но не успеал со еден глас на гласањето во 11-ти ноември.

На 6 декември, Зоран Заев склучил договор со албанската Алтернатива за замена на Беса во парламентарното мнозинство, со што обезбедил стабилност на владината коалиција. Димитар Ковачевски бил избран во декември за претседател на СДСМ со комфорно мнозинство, а на 29 декември му бил доверен мандатот за состав на нова влада откако Заев и формално поднел оставка.

Тој ја презентирал својата програма и неговиот тим пред пратениците на 16 јануари 2022 година, кои му ја дале довербата со 62 гласа „за“.

На 28 јануари 2024 година, Талат Џафери станува претседател на владата на Македонија, првиот албанец во земјата што стигнал до оваа функција. Тој бил избран од Собранието со 65 гласа за, 3 против и ниту еден воздржан. Џафери бил на чело на техничка влада која ќе ја води сто дена, до парламентарните избори на 8 мај.

Изборен систем десно|мини| Шесте изборни единици во Македонија|320x320пкс Од 123 пратенички места во Собранието на Републиката, 120 се избираат од шест изборни единици со 20 пратенички места во Македонија со пропорционална застапеност од затворена листа, при што местата се доделуваат по Донтовиот метод. Преостанатите три места ги избираат Македонците кои живеат во странство,Electoral system IPU но на овие избори нема да има тројца пратеници избрани од дијаспората, бидејќи за гласање во дипломатско конзуларните претсавништва на Македонија во странство не се пријавиле доволно гласачи, државјани на Македонија.

Политички партии Табелата подолу ги наведува партиските групи претставени во Собранието на Републиката како резултат на изборите од 2020 година. +ИмеИдеологијаПолитичка ориентацијаЛидер2020СегаСтатусСДСМСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаСоцијалдемократија, Социјален либерализам, Проевропеизам, ПрогресивизамЦентар-левоДимитар КовачевскиВМРО-ДПМНЕВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоМакедонски национализам, Конзервативизам, Демохристијанство, Економски либерализам, Антикомунизам, Десен популизамЦентар-десно накај десно крилоХристијан МицкоскиДУИДемократска унија за интеграцијаПроевропеизам, Албански малцински интересиЦентар-левоАли АхметиAAАлијанса за АлбанцитеКонзервативизам, Проевропеизам, Албански малцински интересиЦентар-десноЗијадин СелаААААлтернативаАлбански малцински интересиЦентар-десноАфрим ГашиЛевицаЛевицаДемократски социјализам, Левичарски Национализам, Анти-НАТОЛево крилоДимитар АпасиевДПАДемократска партија на АлбанцитеАлбански малцински интересиЦентар-десноМендух ТачиДДДемократско движењеАлбански малцински интересиЦентар-десноИзет Меџитиодвоени од ДУИБесаДвижење БесаСоцијален конзервативизам, Албански малцински интересиЦентар-десноБиљал Касамиодвоени од СДСМЛДПЛиберално-демократска партијаЛиберализамЦентарМоника Зајковаодвоени од СДСМДОМДемократска обнова на МакедонијаЗелена идеологијаЦентар-левоМаја Морачанинодвоени од СДСМДСДемократски сојузПроевропеизамЦентар-левоПавле Трајановодвоени од СДСМНДНародно движењеПроевропеизам, Албански малцински интересиЦентарСкендер Реџепиодвоени од АлтернативаЕДПЕвропска демократска партијаПроевропеизам, Албански малцински интересиЦентарБастри Бајрамиодвоени од БесаНезависен пратеникХусни Исмаилиодвоени од Алтернатива

Изборни листи Поднесени биле 17 кандидатски листи, од кои 16 на политички партии и коалиции и една од група избирачи. Севкупно, на изборите учествувала 61 партија. Од нив, 11 настапиле самостојно, а 50 во пет коалиции.

Коалиција „За европска иднина“ (СДСМ, ЛДП, НСДП, ВМРО-НП, ПДТ, ДСВМ, СРМ, Странка на демократска акција на Македонија, ДОМ, Десница, ПОПГМ, ПДПР, ПОЕН и ССМ) Коалиција „Твоја Македонија“ (ВМРО-ДПМНЕ, СПМ, ДПСМ, ДС, МААК, ДНЕТ, СНСМ, БНП, ДСР, ПОДЕМ, Партија на Власите од Македонија, ГЛАС за Македонија, НЛП, СДУ, РОМ, ДПР, РЗПРМ, ОПЕР, Достоинство, ТМРО, Обединети за Македонија и Македонски Концепт) Коалиција „Храбро за Македонија“ (ГРОМ, Интегра и ПЦЕР) Коалиција „Европски Фронт“ (ДУИ, Алијанса за Албанците, ДПА, ЕДП, НД, ДПТ, Унија на Ромите, БДС) Левица Коалиција „Вреди“ (Беса, Алтернатива, Демократско Движење) Движење ЗНАМ - За наша Македонија Единствена Македонија Нова Алтернатива Аваја Група избирачи Џула Челику Македонска Ера Трета Твоја Родина Десна Демократи Работничка партија

Изборни листи по изборни единици Бр.Партија/КоалицијаIIIIIIIVVVI1Коалиција „За европска иднина“2Коалиција „Твоја Македонија“3Коалиција „Храбро за Македонија“4Коалиција „Европски Фронт“5Левица6Коалиција „Вреди“7Движење ЗНАМ - За наша Македонија8Единствена Македонија9Нова Алтернатива10Аваја11Група избирачи Џула Челику12Македонска Ера Трета13Твоја14Родина Македонија15Десна16Демократи17Работничка партија

Партиски слогани Партија/КоалицијаСлоганСДСМ„Нема откажување од иднината“ВМРО-ДПМНЕ„Македонија повторно твоја“Храбро за Македонија„Храбро за Македонија“Европски Фронт„Искуство, искреност, посветеност“Левица„Го враќаме достоинството на нацијата“Коалиција Вреди„Промената е важна“ЗНАМ„Максимум за Македонија“

Дебати Дебати за парламентарни избори (2024)Лидери на политички партии и коалиции 3 априлСамо вистинаКанал 5прв делвтор делтрет дел

ИЕ1 Дебати за парламентарни избори (2024)Изборна единица 1 18 априлСамо вистинаКанал 5прв делвтор дел20 априлСителСителврска21 априлМИАМИАврска22 априлСителСителврска22 априлСтудио 10Телевизија 24врска25 априлМИАМИАврска1 мајСтавТВ Плусврска

ИЕ2 Дебати за парламентарни избори (2024)Изборна единица 2 19 априлСителСителпрв дел

ИЕ3 Дебати за парламентарни избори (2024)Изборна единица 3 25 априлТелевизија 24Телевизија 24врска25 априлСамо ВистинаКанал 5дел едендел два

Митинзи и средби со граѓани СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите коалициони партнери, своите програми ги претставувале на поголеми митинзи и средби со граѓани во големите градови и центри на општини, додека другите помали партии и коалиции тоа го правеле на помали настани и средби, учествувале на отворени дискусии, конвенции, семинари и оддржувале голем број на прес-конференции. Политичките партии од албанскиот политички блок своите средби ги воделе најчесто во општините и населени места со значително албанско население. Партија/КоалицијаСДСМВМРО-ДПМНЕЕвропски ФронтЛевицаВредиЗНАМДатумЛокацијаЛокацијаЛокацијаЛокацијаЛокацијаЛокација18 априлДемир Капија, ГевгелијаОхридСкопје, КумановоВелесСкопје, СтругаКуманово19 априлСтруга, ОхридРанковце, Кратово, Крива ПаланкаВрапчиштеБеровоБерлин (Германија)Велес, Скопје20 априлТетовоМакедонска Каменица, Пехчево, Берово, ДелчевоТетовоБитолаЦирих (Швајцарија)Ресен, Новаци, Могила, Битола21 априлСкопјеСарај, Чаир, Аеродром, Гази БабаСкопјеСкопјеПриштина (Косово), ГостиварИлинден22 априлСвети Николе, ВелесЛозово, Карбинци, Пробиштип, ШтипЧаирКичево, ГостиварСкопјеРадовиш, Василево, Ново Село, Босилово, Струмица23 априлЗелениково, Студеничани, СопиштеБогданци, Валандово, Гевгелија—24 априлИзборен ден (прв круг претседателски избори)25 април—Струга, КичевоЧаир—26 априлЦентарРосоман, Градско, Неготино, Кавадарци—ТетовоТетово, ТеарцеВелес, Кочани, Штип27 априлГостиварЧешиново-Облешево, Виница, КочаниКичево, ДолнениПрилепТетовоНеготино, Кавадарци, Прилеп28 априлКрушевоАеродром, Кисела Вода, Могила, Демир Хисар, БитолаСтруга, ДебарВелес, ШтипЖелиноПрилеп, Крушево, Кичево, Охрид, Струга29 априлНеготиноЈегуновце, Брвеница, Ѓорче Петров, КумановоТеарце, Желино, ТетовоБитолаГостиварОхрид, Ресен, Битола30 априлАеродром, Кисела ВодаКонче, Радовиш, СтрумицаСтуденичани, Бутел, Шуто Оризари, Чаир,СарајМогила, Росоман, ОхридЛипково, Битола, СтругаКуманово1 мајПелинце2 мај3 мај4 мај5 мај6 мај7 мајИзборен молк8 мајИзборен ден Анкети на јавното мислење центар|мини|900x900пкс|Движечки просек на главните политички партии во годините пред изборите во 2024 година. АнкетаПериодГолемина напримерокСДСМ и коалицијаКоалиција „Вреди“Коалиција „Европски Фронт“ВМРО-ДПМНЕЛевицаЗНАМДругиВодствоСДСМЛДП/ДОМБесаДДАААДУИДПАПарламентарни избори8 Мај