Памплонска катедрала, поточно Богородица Успенска () — катедрала во градот Памплона во Навара, Шпанија, седиште на архиепископиите на Памплона и Тудела. Овој објект претставува црковен архитектонски храм, кој бил најкомплетниот катедрален комплекс воопшто зачуван на територијата на Шпанија. Оваа катедрала ги прикажува вообичаените градби кои ги има во останатите храмови како што се црквата, манастирот и светилиштата, но успеала да ги зачувува и специфичните елементи од типот на тезгите, трпезаријата, поглавјето и собите за преспијување. Овие особени зачувани простории биле доказ за постоење на заедничкиот живот во катедралата на нејзиното раководство. Низ вековите кај другите шпански катедрали овие дополнителни простории биле урнати. Просториите кои го оформуваат овој комплекс биле изградени во различни периоди и со различни стилови. Денес мал дел од просториите кои постојат се од таканаречен романски стил, а преовладуваат оние кои биле изградени во готски стил (вклучувајќи ги објектите на црквата и манастирот). Црквата и манастирот водат потекло од до век. Западната фасада од катедралата која е во неокласичен стил, била изградена кон на крајот на 18 век.

Објекти кои посебно се издвојуваат се; манастирот, кој се смета за чудо на европската готска уметност и секако еден од најдобриот изграден манастир во текот на XIV век, потоа трпезариската кујна, која претставува една од трите преживеани примери на готска кујна во цела Европа, како и делот од главната фасада едно од најблескавите, најчистите и најрепрезентативните дела на неокласицизмот на Пиринејскиот Полуостров.

Именувањето на храмот и титуларната слика Од изградбата, односно од своето основање, храмот е посветен на Санта Марија де ла Асунсион чиј празник, се празнува на 15 август. Од период кога е изградена оваа катедрала, оттогаш се слави овој празник како паѕтронен на оваа епископска црква. Поради феноменот наречен метонимија, сопственоста на објектот на катедралата е директно поврзана со уметничкото насликано дело, Санта Марија ла Реал, поставено во нејзината внатрешност. Неодамна, во текот на XX век, промената на името настанало во согласност со уметничкото дело кое било поставено во централниот простор. Ова тврдења го потврдил Дејвид Аскорб, кој бил ангажиран како техничар во архивата на катедралата и воедно одговорен за епархискиот архив на градот Памплона. Техничарот дури го надополнил и следното „титуларната слика или централното уметничко дело кое било познато во градот Памплона низ текот на вековите, претставувало основа за добивање на името на катедралата“. Истиот овој човек подоцна ги набројал и останатите имиња поврзани со објектот за кои се смета дека постојат некакви документирани записи, односно траги. Тоа биле: Богородица во светилиштето, Света Марија де Реал, Света Марија од Памплона, Убавата Света Марија, Богородица на кралевите и Августовската Богородица или Летна Богородица.

Историчарот Хосе Гони Гастамбиде — инаку специјализиран историчар за епископска историја на епископијата во градот Памплона — донекаде го објаснува прашањето поврзано со именувањето на катедралата. Тој неколку пати во 1905 година упатил барање за изјаснување околу дилемите за историјата на името на објектот. Барањето го упатил до раководството, односно директно до капеланот со име Маријано Аригита Ласа, кој во тој период бил еден од видните личности во раководството на катедралата, а подоцна и главен архивар на Провинцискиот совет на Навара и на Градскиот совет на Памплона. Овој пак првично побарал да се врати „почетното именување“ односно тоа да биде Света Марија ла Реал од Памплона. Во повратниот одговор од страна на Гони Гастамбиде се истакнувало дека: „Во однос на првата точка, односно именувањето, вреди да се истакне дека оригиналниот наслов на катедралата бил Света Марија од Памплона додека она дополнителното именување како Света Марија ла Реал де Памплона никогаш и во ниту едни записи не било официјално документирано. Прашањето околу противречноста на посветеноста на главното уметничко дело, поставено во катедралата, во 1936 гподина, го натерало раководството на храмот да побара објаснување во вид на извештај за таа проблематика од одговорните свештеници во епархијата, Нестор Зубелдија и Онофре Ларумбе. Вториот од тие двајца ја имал и функцијата на претседател на Комисијата за историски и уметнички споменици на покраината Навара. Таков извештај со детално објаснети моменти бил зачуван во Архивата на Соборниот храм. Извесен Дејвид Аскорб ги сумирал заклучоците според наредното образложение: „По извршената анализа на многубројните документи сместени во архивите на покраината Навара, се заклучува дека старото титуларно име на катедралата, според општата јурисдикција, требало да се зачува и конечно да гласи: Света Марија од Памплона“.Како резултат на конечното канонското назначување, од 21 септември 1946 година, на името Света Марија од Памплона сепак додатокот назначен како „Света Марија ла Реал од Памплона доста се популаризирал помеѓу народот“. Сето ова значело дека тој терминолошки израз претставувал нејзино конечно поставување. лево|мини| Поглед кон внатрешноста на храмот

Историја на катедралата мини|Поглед на Платното кое ја нагрнува резбата од романски стил на делото наречено Света Марија од Памплона. Оваа уметничка творба била во сопственост на градот Памплона. Сегашниот објект на катедралата заедно со нејзините околни градби зазема голема површина од делот на таканаречениот Стар град на Памплона. Оваа локација всушност претставува највисокиот дел на територијата наречена Наварерија. Тоа е просторот на градот Памплона каде што се пронајдени најстарите археолошки остатоци, кои воделе потекло од периодот на првото железно време. На истиот локалитет се наоѓало главното јадро на тогашниот римски град, од кои многубројни остатоци се пронајдени за време на различните археолошки ископувања извршени во внатрешноста и надворешноста од просторот на катедралата. Истражувањата покажале дека просторот зафатен од катедралата одговарало на раскрсницата од улиците познати како Кардо и Декумано. Тие улици, во тој период, претставувале главни артерии односно строгиот центар на римскиот град.

Почетоците од кога постојат докази за постоење на црквата во Памплона е некаде околу 589 година. Имало одреден документ, во кој е истакнато дека постои епископ на веќе споменатиот град. Овој доказ е истакнат за време на Третиот собор во градот Толедо. Според сето тоа ако постои епископ, тој морало да има свој стол, односно столот да биде сместен во просториите на одредена катедрала. Овој факт претставувал запишан доказ. Меѓутоа, првиот физички доказ за постоењето на црковна градба на споменатото место е пронајден вметнат во темелите на објектот со романски стил на градба. Овој физички доказ бил пронајден на трите од вкупно четирите страни на катедралата. Истиот води потекло од IX или X век, што би го потврдило постоењето на црква од тој период.

Во 924 година на тој простор постоела една позната црква која сепак била урната од страна на Абд ал Рахман III (црквата која припаѓала на централниот дел град). Кралот на Шпанија Санчо Абарка (970-994) целиот град Памплона го посветил на Света Марија. Владетелот Санчо Постариот го обновил првиот епархиски храм, а решавачката одлука била донесена некаде во век. Зачетоците на оваа идеја биле во 1086 година, кога познатиот епископот Педро де Рода ги променил непроменливите секуларни канони на заедница со таканаречени редовни канони, во согласност со правилото на Свети Августин. Според овие канони се создало раководството на катедралата. Таа се изградила во чист романски стил, во периодот помеѓу 1100 и 1127 година. Осветувањето на катедралата било извршено на 12 април 1127 година од страна на епископот Санчо де Лароса. На осветувањето присуствувал и кралот на Арагон и Навара, односно крал на Шпанија Алфонсо I од Арагон.

Кон крајот на век и првата половина на век, бил изграден новиот манастир во склопот на катедралата. Тој бил оформен во готски стил, а во текот на век биле изградени и некои други готски градби, како што се: капелата наречена Барбазана и трпезаријата односно кујната. На 1 јули 1390 година романската катедрала се урнала во делот каде се наоѓа просторот на хорот. При ова уривање фасадата и пределот на главниот простор останале непроменети. По овој немил настан, раководството на катедралата одлучило да се започне со изградба на нов храм. Овој пат новите градби биле планирани да бидат изведени како оние од периодот на претходниот XIII век, како што бил на пример објектот на манастирот, односно во чист готски стил.

Во тој период, во вековите кои следеле низ целиот комплекс биле извршени различни интервенции, а најзабележителна била замената на фасадата од романски стил во неокласика. Фасадата била заменета во периодот на век.

Романски храм мини|Поглед кон планот на катедралата. Со бела боја е претставен планот на романската конструкција, а со црна боја сегашната готска конструкција. лево|мини| Детал на Романска престолнина. Детал изработен со техника на каменоделство. Објектот на храмот кој бил изграден на почетокот на век, односно помеѓу 1100 и 1127 година бил голем 70 метри по должина и 50 метри по ширина. Во тој период поголема градба била само катедралата Сантјаго де Компостела. Целата изведба на катедралата била со величестен изглед. Се состоела од еден централен кораб и два странични, кои биле нешто помали во однос на ширина од сегашното здание. Всушност, планот на подот на тогашната романска катедрала по големина се совпаѓал со оној кој бил изграден неколку векови подоцна според новиот таканаречен готски стил. Романската катедрала се состоела од три апсиди, од кои централната била со полукружна форма одвнатре и со полигонална форма однадвор. Страничните пак апсиди биле со полукружна форма и одвнатре и однадвор. Зачудува постоењето на големото растојание помеѓу страничните и централната апсида. Под десната странична апсида со текот на годините била пронајдена една крипта со вкупно три кораби. Корабите биле поткрепени со самостојни столбови каде постоел простор со олтар. лево|мини| Приказ на дело кое го претставува Исус Христос кое е сместено во истоимената капела. Во наредните децении во комплексот на катедралата биле изградени најразлични објекти, сите во романски стил. Тоа биле објектите на капелата посветена на Исус Христос, која била поставена во делот на кралската и епископската палата, потоа биле изградени тезгите и секако објектот на манастирот (тој бил урнат кон крајот на век за да се изгради повторно во нов готски стил). Старите делови од манстирот, но не сите, оние од прекрасни капители, биле зачувани во просториите на Музејот на Навара.

Фасадата на споменатата градба, онаа која била изграден во романски стил останала да опстојува до нејзиното демонтирање кое се случило во век, во кој била изградена сегашната неокласична фасада. Зачувани биле само некои делови како капители и резби на човечки фигури. Исто така било зачувано и едно уметничко дело на висинскиот кат од катедралата, кое било вградено во новиот план на новиот објект. Во некои различни документи било запишано дека старата градба на храмот поседувала две кули, јужната со слична височина како и централниот кораб, и северната, која била повисока и на самиот врв завршувала со остар дел односно таканаречен шилецц. Поради височината и обликот само северната височинска градба го носела епитетот на „кула“. Во височините на оваа кула биле поставени литургиските ѕвона.