Зграда на Атанасковиќ — зграда во скопската населба Дебар Маало. Таа е прогласена за Споменик на културата под називот Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 83а.
Историја Првичниот проект за изградба на две градби, бил дело на Борис Дутов во 1932 година. Но тој првичен проект не бил изведен и бил преработен во модерен стил, од страна на Кирило Хаџи Наковиќ во 1933 година. Градбата била изградена во 1933 година. Во 1940 година, генерал Атанасковиќ ја купил зградата од првиот сопственик и вложувач на истата, според кажување на внуката на генералот. Во 1960-тите години, бил дограден втор кат врз прбобитната градба, со што била направена промена во катноста на градбата и неговата и покривна конструкција. Со промената, наместо претходен повеќеводен покрив со ќерамиди, бил изведен едноводен покрив со лим. Во 1990-тите години, било доградено крило кон западната страна на градбата, со висина П+3 со што дошло до промена на првичниот габарит на градбата и кај неговата влезна партија. Првично, влезот во зградата бил од нејзината западна страна, а со доградбата влезот бил преместен од страна на ул. „Орце Николов“. Во заедничкиот скалишен простор на подестите од меѓукатовите отворени се влезни врати (за становите од доградбата) директно на првичниот западен надворешен ѕид. Направен бил и надворешен влез во подрумските простории, каде пристапот е од страна на ул. „Орце Николов“.
Зградата била прогласена за значајно културно наследство врз основа на Уп. бр. 18-430 од 17 септември 2015 година.
Архитектура и особености 150п|мини|лево|Аголот на зградата. 220п|мини|лево|Западното крило. Во приземјето се наоѓа дуќан во делот кај аголот, а во останатиот дел од приземјето како и на катот - домување (два стана со по две соби, претсобје, кујна, купатило, тоалет и останато). Влезот во куќата се наоѓа во задниот дел од зградата. Градбата била изградена во масивен конструктивен систем. Според техничкиот опис, темелите на зградата биле направени од набиена мешавина. Темелите биле изолирани со два слоеви на тер-хартија и еден слој течен катран. Sидовите на приземјето се со дебелина од 45 цм, а на катот со 30 цм, изработени од добро печена тула во варов малтер. Над ѕидовите од приземјето и катот, биле изработени армирано-бетонски серклажи, како и армиранобетонски трегери над сите отвори. Меѓукатната и плафонската конструкција се армирано-бетонски. Покривната конструкција е дрвена. Покривот е повеќеводен и покриен со ќерамида од филц. Покривната конструкција е од стругана чамова граѓа. Олуците, одводните цевки и сличната инсталација, биле изработени од ферцинк лим бр. 18. Фасадата била малтерисана во варов малтер, испрскана во боја со дискретен плиткорелјефен украс сочинет од плитки пиластри кои завршуваат со стилизирани јонски капители, а под прозорците - второстепената пластика со мотив на преплет. Целокупната столарија била направена од добра и здрава чамова граѓа внатре, а надвор од борова граѓа. Прозорите се застаклени со безбојно стакло и изработени од дрво со хоризонтална профилација и надворешни врати кон балконите. Рамките и крилата биле обоени во различни бои.
Внатрешните скали се армиранобетонски и вѕидани во ѕидовите со терацо обработка. Оградата на скалите е од дрвен ракофат на метална конструкција. Влезните врати се дрвени во бела боја со мал плиткорезбан украс на рамката. Внатрешните ѕидови во становите биле малтерисани со варов малтер. Во сите простории поставен е дрвен патос-шифбаден, со исклучок на купатилата и терасите каде е терацо. Приземјето содржи метални врати кај комерцијалните простории и главниот влез во станбениот дел. На два од дрвените автентични прозорци има поставено метална заштитна решетка). Прозорци на прв и втор/трет кат се дрвени односно автентични на периодот на изградба, и има ПВЦ ролетни на третиот дограден кат. Има ПВЦ комарници кај дел од прозорците на првиот кат.
Поврзано Зграда на бул. „Илинден“ бр. 41 Зграда на Детски културен центар „Карпош“ (бул. „Илинден“ бр. 53) Зграда на бул. „Илинден“ бр. 63 Зграда на бул. „Илинден“ бр. 68 Рубенова палата (Зграда на бул. „Илинден“ бр. 80) Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 88 Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 108 Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 109 Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 115 Зграда на Министерството за култура (ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61) Зграда на ул. „Аминта Трети“ бр. 17 Зграда на ул. „Наум Наумовски - Борче“ бр. 82 Зграда на ул. „Наум Наумовски - Борче“ бр. 88 Зграда на ул. „Раде Кончар“ („Живко Чинго“/„Боемска“) бр. 4а Зграда на Ташковиќ Зграда на Кубеш
Наводи
Надворешни врски
Службено мрежно место на Управата за заштита на културното наследство
ул. „Орце Николов“ бр. 83а Категорија:Дебар Маало Категорија:Појавено во 1933 година во Македонија