Милош Павловиќ (Чачак, 29 септември 1901 – Скопје, 1978) ― српски и југословенски геолог и професор.
Образование Основно образование учел во Чачак. За време на Првата светска војна, со татко му преку Албанија отишол во Бизерта каде останал 2 години (1916-1917). Потоа заминал на школување во Ница. Во 1919 година, се вратил во новосоздаденото Кралство СХС и по завршувањето на гимназијата, се запишал на Групата за геологија на Филозофскиот факултет во Белград. Дипломирал во 1925 година.
Кариера Работел како асистент на Отсекот за геолошки карти, а потоа до 1930 година, работел како професор во гимназија во Заечар, Штип и Вуковар. По создавањето на Геолошкиот институт на Кралството Југославија, се вработил и таму останал до 1945 година.
После Војната, во областа геологија работел на разни места во Црна Гора, Тирана, Белград, а од 1954 до 1965 година, работел како професор на Катедрата и Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Предавал Општа геологија со петрографија. Се пензионирал во 1965 година. Починал во 1978 година.
Поврзано
Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Петар С. Јовановиќ Димитар Јаранов Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски
Душан Манаковиќ Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски Војислав Радовановиќ
Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски
Наводи
Категорија:Луѓе од Чачак Категорија:Родени во 1901 година Категорија:Починати во 1978 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Српски геолози Категорија:Југословенски геолози Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Српски професори Категорија:Југословенски професори