Гиго Милески (1923 година, Струга - 1995, Скопје) ― македонски економски географ и картограф.

Животопис Образование Основно и гимназиско образование стекнал во Струга, Приедор и Битола, сѐ во 1942 година. Студирал во периодот 1947-50 година, на Катедрата за географија на Филозофскиот факултет во Скопје, во првата повоена генерација (1946 година) со индекс број 3.

Кариера Тој во септември 1947 година, бил вработен како картограф на Катедрата по географија, а студиите како вонреден студент ги завршил во 1950 година и бил избран за асистент по картографија. Како асистент по картографија е основоположник на Сеизмолошката опсерваторија во Скопје (создадена на 1 ноември 1956 година) и нејзин прв раководител до 1961 година.

Во 1961 година, бил вработен како асистент на Економскиот факултет. Докторирал во 1965 година, на темата „Езерата во СР Македонија како важни риболовни и туристички подрачја”. Главно работел во областа на картографија и економска географија. По докторирањето во 1967 година, бил избран за доцент, во 1972 година станал во вонреден, а во 1977 година бил унапреден како редовен професор на Географскиот институт на ПМФ. Стапил во пензија во 1987 година. Починал во 1995 година во Скопје.

Поврзано

Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Петар С. Јовановиќ Димитар Јаранов Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски

Душан Манаковиќ Благоја Маркоски Љубе Миленковски Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски Војислав Радовановиќ

Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски

Наводи

Категорија:Родени во 1923 година Категорија:Луѓе од Струга Категорија:Починати во 1995 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски географи Категорија:Југословенски географи Категорија:Македонски картографи Категорија:Југословенски географи Категорија:Македонски сеизмолози Категорија:Југословенски сеизмолози Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Економски факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Македонски учебникари Категорија:Македонски средношколски професори