Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Кочо Рацин“ - Орашац; скратено: ПООУ „Кочо Рацин“) — подрачно основно училиште во селото Орашац, претставува единка на училиштето истоименото училиште од градот Куманово.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски поет Кочо Рацин.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Орашац, сместено во средишниот дел на селото.

Градба

Објектот е во лоша состојба и истиот не е обновен. Површината на објектот е 837 метри квадратни, има 7 училници и 2 кабинети, како и 6 помошни простории и се загрева со печки на дрва.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Куманово Орашац Категорија:Орашац