мини|299x299пкс| Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година. Хаџи Балабан (турски: Hacı Balaban) — старо скопско маало.

Местоположба Маалото се протегало западно од амбасадата на Репубилка Турција, и северно од „Музеј на Македонија”. Од плоштадот Македонија било оддалечено 880 метри северно.

Историја Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 21 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 36 мажи муслимани, со 5 новороденчиња. Исто така имало и 24 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Во ова маало биле забележани и две христијански домаќинства. Се проценува дека маалото во тој период имало 136 жители.

Сегашност Денес ова маало е дел од населбата Дуќанџик и во него се наоѓа ОУ „Јашар Беј”.

Наводи

Категорија:Стари скопски маала