мини|301x301пкс| Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година. Хаџи Таџедин (турски: Hacı Taceddin) — старо скопско маало.

Местоположба Маалото се протегало северно од основниот кривичен суд-Скопје. На југ од него било маалото Ибни Коџаџик, на север маалата Мурадије, Џами Атик и Хаџи Касим, а на исток маалото Кебир Мехмед Челеби. Од плоштадот Македонија било оддалечено 860 метри североисточно.

Историја Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 39 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 77 мажи муслимани, со 16 новороденчиња. Исто така имало и 12 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 182 жители.

Сегашност Денес целото маало е во рамките на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Наводи

Категорија:Стари скопски маала