Диамвил САУ (Diamville SAU) ― трговско претпријатие со седиште во Централноафриканската Република, кое се занимава со дијаманти и злато, поврзана со руската приватна воено претпријатие Група „Вагнер“ (Wagner Group).

Во февруари 2023 година, Диамвил станала предмет на низа на економски санкции наметнати од Европскиот совет против различни луѓе и организации поврзани со Групата „Вагнер“. Претпријатието имало санкции наметнати од Соединетите Држави во јули 2023 година.

Сопственост Диамвил е претпријатие за трговија со дијаманти и злато со седиште во Централноафриканската Република, во сопственост на руски граѓани. Слубжен регистриран сопственик на претпријатието е централноафриканскиот Бјенвену Патрик Сетем Бонгенде, кој работи како возач за Димитри Ситји, висок извршен директор во руското приватно воено претпријатие Група „Вагнер“. Според заедничката истрага и извештајот од 2022 година од Европските изтражувачки соработки, француската организација „Очи вперени кон „Вагнер“ и „Центар за досие“ со седиште во Обединетото Кралство, Диамвил е прикриено претпријатие во сопственост на руската милиција Група „Вагнер“."Una investigación internacional revela que el Grupo Wagner saquea y exporta diamantes centroafricanos a Europa." La Nación, 2 декември 2022, стр. NA. Gale General OneFile, link.gale.com/apps/doc/A728858039/ITOF?u=wikipedia&sid=ebsco&xid=fc37a001. Пристапено на 14 јануари 2024. Евгениј Пригожин, водачот на Групата „Вагнер“, го отфрлил извештајот како „западна пропаганда“ и саркастично тврдел дека Емануел Макрон бил сопственик на Диамвил. Весникот „Стандард“, исто така, објавил дека „пет извори од секторот за дијаманти во Банги“ потврдиле дека Диамвил е предна организација на Групата „Вагнер“.

Историја и активности Стандард објавил дека Диамвил е основана во 2019 година и извезла дијаманти во вредност од 132.000 евра од Централноафриканската Република во Белгија во ноември 2019 година. Во извештајот на Европските истражувачки соработки се тврди дека вкупно 1.000 каратни дијаманти во вредност од 12 милиони долари биле извезени од Централноафриканската Република помеѓу 2019 и 2021 година.

Кон крајот на февруари 2023 година, Европскиот совет вовел санкции против „поединци и ентитети поврзани со Групата „Вагнер““, вклучително и Диамвил за „нивната улога во незаконската трговија со злато и дијаманти ограбени со сила од месните трговци“. Други поврзани претпријатија биле Лобаје Инвест Сарлу во Централноафриканската Република и Меро Голд и M-Инвест во Судан. Соединетите Држави вовеле санкции против Диамвил на 27 јуни 2023 година, како последица на бунтот на Групата „Вагнер“. Во исто време биле наметнати санкции против Мидас Рисорсес поврзана со Групата „Вагнер“.

Поврзано

Рударството во Централноафриканската Република Надворешни односи на Централноафриканската Република Список на луѓе и организации санкционирани за време на Руско-украинската војна Список на претпријатија од Централноафриканската Република

Наводи

Дополнителна литература

CAR: Prigozhin’s blood diamonds, All Eyes on Wagner, 2 декември 2022. Diamville A deep dive into how Wagner mercenaries are taking over the diamonds of Central African Republic, European Investigative Collaborations, 2022

Категорија:Појавено во 209 година во Африка Категорија:Челни организации Категорија:Продавачи на дијаманти Категорија:Претпријатија основани во 2019 година Категорија:Санкции и бојкоти за време на Руско-украинската војна Категорија:Претпријатија во Централноафриканската Република