Карали или Карпенос ( или Κάρπενος) — планина во Гребенско, Егејска Македонија. Претставува дел од поголемиот венец Пинд.

Опис Планината претставува дел од северниот дел на планинскиот венец Пинд. Сместена е меѓу селата Монахит на север, Турија на југ и Кипурѓо на исток. Од планината Ликотрипа на северозапад е одделена од клисурата/превојот на Монахит и потоците Палиамбела и Керасија. На југ е одделена од планината Петрокамбос од долината на Турија, а на југоисток големиот поток Куцафира ја одделува од планинскиот комплекс Хасија.

Карпите на планината се конгломерати, песочници, флиш и варовници.

Врвот може да се искачи од Турија (970 м) за околу 4 часа или со кола по планински пат. +ВрвовиИмеГрчкиВисина (м)МестоположбаКарали, КарпеносΚαραλή, Κάρπενος1.235Кали РусаΚαλή Ρούσα1.120КарпеносΚάρπενος1.176Кокинос МилосΚόκκινος Μύλος1.060КутраΚούτρα1.080Мандила, ФаќолиΜαντήλα, Φακιόλι1.233Мегали РахиΜεγάλη Ράχη1.143СалтагиниΣαλταγκίνη1.201Муховец, ЦерадијаΤσεράδια, Μουχοβέτσι1.093 - 1.040Чука Карали, Чука КараилиΤσούκα Καραλή, Τσούκα Καραϊλή1.231ЧумаΤσούμα1.027АрнавитиΑρναβίτη980Горѓани, КорифиΚορυφή, Γόργιαννη867КрипсаноΚρύψανο900ПалеохориΠαλαιοχώρι798Рахи ПапаΡάχη Παπά800СулаΣούλα867

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Пинд Категорија:Гребен (општина)