Основно училиште „Нам’к Кемал“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Нам’к Кемал“ - Чалакли; скратено: ПООУ „Нам’к Кемал“) — подрачно основно училиште во селото Чалакли, претставува единка на училиштето „Јосип Броз Тито“ од градот Валандово.
Училиштето е именувано по отоманскиот писател Нам’к Кемал.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Чалакли, во источниот дел на селото.
Историја
Училиштето било изградено во 1948 година.
Градба
Објектот е делумно обновен. Површината на објектот е 452 метри квадратни и се загрева со пелети.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Валандово Чалакли Категорија:Чалакли