КК Аполон Патра () е грчки кошаркарски клуб од Патра. Моментално се натпреваруваат во Првата лига на Грција.

Историја Спортскиот клуб Аполон Патра бил основан во 1926 година, а кошаркарскиот клуб 1947 година. Првиот настап во Првата лига го имале во сезоната 1971/72. Најголемиот успех го постигнале во 1997 година со пласманот во финалето на Купот на Грција каде биле поразени од Олимпијакос. Истиот резултат го постигнале и во 2015 година, каде во финалето Панатинаикос бил подобар.

Успеси

Куп на Грција Финалист (2): 1997, 2015 година Втората лига на Грција освојувач (2): 1992, 2003 година

Повеќе познати играчи

Ратко Варда Владимир Кузмановиќ Душан Вукчевиќ Горан Ѓакиќ Младен Шекуларац

Надворешни врски

Клупска страница на веб-страницата на Евробаскетот

Категорија:Кошаркарски клубови од Грција