Нејц Барич (роден на 23 април 1997, во Трбовље) — словенечки кошаркар. Игра на позицијата плејмејкер, а моментално настапува за КК Сплит. Висок е 1.83 метри.

Професионална кариера Барич својата професионална кариера ја започнал во клубот Златорог Лашко.

Во јули 2019 година, Барич потпишал со Копер Приморска. Во јули 2020 година потпишал за Крка. Барич имал просек од 7,7 поени, 4,7 асистенции и 2,4 скока по натпревар. На 18 август 2021 година потпишал со Сплит од Јадранската лига и Хрватската лига.

Личен живот Неговата постара сестра Ника исто така е професионален кошаркар.

Наводи

Категорија:Словенечки кошаркари Категорија:Родени во 1997 година