Антихасија () — планина во Тесалија, Грција, дел од венецот Пинд. Областа Метеора влегува во состав на планината. Највисокиот врв се издига на 1.424 м надморска височина.
Планината, заедно со Метеора и долините на реките Литеос и Мургани, е членка на мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (GR1440005).
Географија Планината се наоѓа во северниот дел на Трикалско и Лариско, северозападно од Тесалиското Поле, протегајќи се во должина од 45 км. Највисокиот врв Оксија (1.424 м) и врвот Метеризија (1.382 м) се во источниот дел на планината.
Карпите на планината се варовници и флиш.
Најблиски околни планини се Хасија на северозапад и Камбуница на североисток. Најблискиот град е Каламбака, сместен југозападно од планината, во околината на Метеора. Други населени места на планината се Вртигуша на источниот и Конискос на северниот дел. Автопатот ЕО6 (Лариса - Трикала - Јанина - Игуменица) поминува јужно, а ЕО15 (Каламбака - Гребен - Сачишта) поминува западно од планината.
Растителен и животински свет Планината Антихасија е обрасната со шуми. Шумскиот појас е претставен од листопадни растенија (сладун, благун, цер, чинар, бела врба, евла). На планината има големи подрачја со деградирана вегетација поради раширената сеча на дрва.
Околината на Метеора претставува едно од најзначајните подрачја за птици во Грција. Најчестите птици на планината се орлите, ветрушките, луњите, соколите и бувовите. Вообичаени се и штрковите, како и различни видови на клукајдрвци.
Поврзано
Пинд Хасија
Наводи
Категорија:Пинд Категорија:Планини во Тесалија Категорија:Трикала (округ) Категорија:Лариса (округ)