Андреја Чипов (, Леринско, – ) — македонски комунист и генерален секретар на Комунистичката партија на Грција во периодот од јули 1941 до јануари 1942 година. Чипов е единствениот Македонец што бил на чело на некоја комунистичка партија на Балканот во периодот помеѓу двете светски војни.
Животопис Рани години Чипов е роден во 1904 година во леринското село Пателе, Османлиско Царство. Во 1924 година, како воен регрут, завршил подофицерска школа за водници. За време на воениот рок бил примен за член на КПГ. На парламентарните избори одржани на 25 септември 1932 година бил кандидат за пратеник на КПГ од Леринската околија. Во 1932 година е назначен на чело на ВМРО (Обединета) за Егејска Македонија, a во март 1933 година на Основачката конференција на ВМРО (Обединета) за Егејска Македонија е избран за нејзин секретар.Даринка Петреска и др. (ур.) „70 години ВМРО (Обединета), ИНИ, Скопје, 1998, 110 стр. Во 1933 година Чипов станува член на Централниот комитет на КПГ.
Во 1935 година посетува шестмесечен курс за националните малцинства организиран од Коминтерната. За време на својот престој во Москва, Во летото 1935 година, учествува на Седмиот конгрес на Коминтерната.Ристо Кирјазовски „Кој е Андреја Чипов“, „Нова Македонија“, 9 март 1990, 5 стр.] Во Грција се вратил во декември 1935 година и истиот месец учествува на Шестиот конгрес на КПГ и е избран во нејзиниот Централен комитет.Ристо Кирјазовски „Демократски и антифашистички партии и организации во Егеjскиот дел на Македонија (1941-1945)“, ИНИ, Скопје, 1991, 26 стр. На последните предвоени избори во Грција, одржани на 26 јануари 1936 година, Чипов е избран за еден од 15-те пратеници избрани на списокот на Сенародниот фронт, предводен од КПГ. При тоа, според неговото кажување, на избирачките списоци крај неговото име во графата занимање пишувало „Македонец“.Стојан Киселиновски „Егејскиот дел на Македонија (1913-1989)“, Скопје, 1990, 94 стр.
мини|лево|300п|Андреја Чипов (десно) со Лазо Трповски (лево) во 1930-тите
Диктатурата на Метаксас Во јуни 1936 година е уапсен, заедно со Неделко Попнеделков. Со воведувањето на диктатурата на Јоанис Метаксас во август 1936 година, неговиот мандат како пратеник е суспендиран. Истата година тој е затворен во Акронавплија, озлогласениот логор на Пелопонез. Таму е избран за секретар на партискиот комитет на затворениците комунисти.
Втора светска војна Во Акронавплија останува до 29 јуни 1941 година, кога набрзо по освојувањето на Грција од страна на Силите на Оската, Чипов е ослободен заедно со уште 26 други затвореници комунисти, претежно Македонци.Ристо Кирјазовски „Демократски и антифашистички партии и организации во Егеjскиот дел на Македонија (1941-1945)“, ИНИ, Скопје, 1991, 23-24 стр.Ристо Кирјазовски „Кој е Андреја Чипов“, „Нова Македонија“, 10 март 1990, 5 стр.] Ова станува по инсистирање на Солунскиот бугарски клуб пред германските окупаторски власти, откако затворениците декларирале пред Германците бугарско потекло.Giannēs S Koliopoulos, Plundered loyalties: Axis occupation and civil strife in Greek West Macedonia, 1941-1949, London, Hurst & Co., 1999, ISBN 978-1-85065-381-3, p. 53.
По пуштањето од затвор Чипов се зафаќа со реорганизирање на десеткуваната КПГ. Заедно со Андреас Џимас и Костас Лазаридис, кои исто така се ослободени тогаш, како и со Петрос Русос, Панделис Карагицис и Хриса Хаџивасилиу, на состанокот на 1-3 јули 1941 година во Атина, подоцна наречен Шести пленум на ЦК КПГ, формираат нов централен комитет. Согласно одлуките на партиското раководство во Акронавплија, Чипов е избран за генерален секретар на партијата.Ристо Кирјазовски „Демократски и антифашистички партии и организации во Егеjскиот дел на Македонија (1941-1945)“, ИНИ, Скопје, 1991, 26 стр. Новоформираниот централен комитет набрзо успева да се стекне со признавање од страна на стариот централен комитет, како и од некои организации на т.н. „привременото раководство“ на партијата.
Нејасно е до кога Чипов останува на чело на КПГ. Според едни информации, веќе на Седмиот пленум кој се одржува на почетокот на септември истата година е избран нов генерален секретар, а според други Чипов е генерален секретар до Осмиот пленум во јануари 1942 година. На тој пленум Чипов е избран во Политбирото на партијата и е поставен за секретар на Обласниот комитет на КПГ за Пелопонез.Ристо Кирјазовски „Демократски и антифашистички партии и организации во Егеjскиот дел на Македонија (1941-1945)“, ИНИ, Скопје, 1991, 31 стр. На Чипов подоцна ќе му се ставаат повеќе забелешки за периодот кога беше на чело на КПГ. Ќе му се замерува за неспособност, ригидност и слично. Сепак најверојатната причина за неговото сменување е неговата негрчка етничка припадност. Тоа го посочува и Петрос Русос, член на Политбирото на КПГ, според кого „стоењето на Македонец на чело на КПГ можеше да има негативно политичко влијание врз масите на грчкиот народ поради неговата позната чувствителност за националното прашање и уште повеќе во периодот на национално-ослободителната борба...“Ристо Кирјазовски „Демократски и антифашистички партии и организации во Егеjскиот дел на Македонија (1941-1945)“, ИНИ, Скопје, 1991.
Како потоа се развивале работите со Чипов не е разјаснето. Според едната верзија, Чипов во јануари 1942 година побарал азил во Софија, каде останал осум месеци.Българско историческо дружество, Институт за история (Българска академия на науките), 2000, стр. 156. А според некои извори, тој бил во Софија како агент на бугарските тајни служби.André Gerolymatos, Guerrilla warfare and espionage in Greece, 1940-1944, Pella Pub. Co., 1992, ISBN 0918618509, pp. 181-182. Според другата верзија, враќајќи се од Пелопонез во Атина, на 27 август 1942 година Чипов е уапсен, а по интервенција на Бугарија, со авион е префрлен во Софија. Во Софија тој останал само 15-тина дена.Ристо Кирјазовски „Кој е Андреја Чипов“, „Нова Македонија“, 13 март 1990, 4 стр.]
Откако бил ослободен, преку Скопје, во октомври 1942 година пристигнал во Битола каде се поврзал со Македонци од Леринско. Набрзо бил префрлен во Егејска Македонија, а во февруари 1943 година, со основањето на партизанскиот одред Вичо, стапил во неговите редови. Потоа преминал во Осмата дивизија на ЕЛАС во Епир, каде останал до Договорот од Варкиза во февруари 1945 година. По демобилизацијата од ЕЛАС се вратил во својот роден крај. Се вклучил во Народно ослободителниот фронт.
Преминување во Југославија Во октомври 1945 година преминува во ДФ Македонија. Прво се населил во Скопје каде работел како службеник во општинскиот народен одбор. Потоа бил принуден да менува повеќе места на живеење. Умрел во Битола, во 1956 година, изолиран и во немилост.Стојан Киселиновски „Македонски дејци (XX век)“, Скопје, 2002, 236-237.
Наводи
Литература Ристо Кирјазовски „Кој е Андреја Чипов“, „Нова Македонија“, 7-13 март 1990.
Категорија:Македонски комунисти Категорија:Грчки комунисти Категорија:Луѓе од Пателе Категорија:Политичари од Комунистичката партија на Грција Категорија:Починати во Битола