Русија се дели на 8 федерални окрузи (руски: федеральные округа), при што полуостровот Крим е сместен во Јужниот федерален округ.
Федералните окрузи се единици на административна поделба за целите на федералната влада. Тие не се составни единици на Руската Федерација. Составните единици на федерацијата се нарекуваат федерални субјекти.
Во секој округ се наоѓаат неколку федерални субјекти. Секој федерален округ има претседателски претставник, чија официјална титула е „Полномошен претставник“. Официјалната задача на овој претставник е едноставно да ја надгледува работата на федералните агенции во регионите, иако во практика овој надзор е далекусежен и од големо значење.
Список на федерални окрузи центар|500п Име на округот Површина(км²) Население(2002) Федералнисубјекти Административенцентар Најголем град Централен 650.200 38.438.600 18 Москва Јужен 427.800 16.141.100 8 Ростов на Дон Краснодар Северозападен 1.687.000 13.583.800 11 Санкт Петербург Далекуисточен 6.169.300 6.291.900 9 Владивосток Хабаровск Сибирски 5.145.000 19.254.300 12 Новосибирск Уралски 1.818.500 12.082.700 6 Екатеринбург Приволшки 1.037.000 29.900.400 14 Нижни Новгород Казањ Севернокавкаски 170.400 9.496.800 7 Пјатигорск Махачкала
Создавање на федералните окрузи Федералните окрузи ги создал Владимир Путин во мај 2000 како дел од пошироката програма за зајакнување на федералната власт. Во програма спаѓаат и следниве реформи: индиректен избор на Советот на Федерацијата, иследување во републиканските устави и регионалните повелби и право на претседателот да ги распушта праламентите на субјектите доколку тие не ги почитуваат федералните закони.
Улога и функции на федералните окрузи Полномошните претставници и нивниот пресонал установуваат во која мера субјектите отстапуваат од федералните закони и норми. Тие исто така го надгледуваат и процесот на исправка од близу, на начин на кои владата во Москва не може тоа да го изведе. Затоа тие играат клучна улога во централизацијата на власта и онезоможување на локалните манипулации чести за времето на Борис Елцин. Постоењето на федералните окрузи е значајно за ограничување на донесувањето на закони и практики кај субјектите кои му противречат на федералниот закон, како на пример, скратување на граѓанските права, авторитативни практики на управниците на субјектите (или кај републиките, нивните претседатели), манипулација со полицијата и контрола врз правосудството, строга контрола врз печатот и манипулирање со избори.
Полномошните претставници надгледуваат систем на ротација на федералните работници низ регионите за да се спречи нивната зависност од локалните водачи.
Федералните окрузи прецизно соодветствуваат на воените региони на Внатрешната војска, и во голема мера соодветствуваат на регионите на министерството за одбрана. Ова им овозможува на полномошните претставници директен пристап кон командната структура на воениот и безбедносниот апарат. Ова дава јасна порака на субјектите дека тиа мораат да соработуваат со федералната влада.
Наводи
Федерални окрузи