Хаплогрупата H (Y-DNA), позната и како H-L901/M2939 — хаплогрупа со Y-хромозом.

Примарната гранка H1 (H-M69) и нејзините поткладови е една од најдоминантните хаплогрупи меѓу населението во Јужна Азија, особено нејзиниот потомок H1a1 (M52). Примарната гранка на H-M52, H1a1a (H-M82), најчесто се наоѓа кај Ромите, кои потекнуваат од Јужна Азија и мигрирале на Блискиот Исток и Европа, околу почетокот на 2-риот милениум н.е., и народот Кмери кој бил под влијание на индиското население. Многу поретката примарна гранка H3 (Z5857) е исто така концентрирана во Јужна Азија.

Сепак, примарната гранка H2 (P96) се смета дека била пронајдена во ретки нивоа првенствено во Европа и Западна Азија уште од праисторијата. Пронајдена е во остатоци од предгрнчарскиот неолит Б ( ПГГНБ), кој е дел од предгрнчарскиот неолит, неолитска култура со центар во Горна Месопотамија и Левант, која датира пред околу години, а исто така и подоцнежната Линискокерамичка култура и неолитска Иберија. H2 најверојатно влегла во Европа за време на неолитот со ширењето на земјоделството. Нејзината денешна распространетост е составена од различни поединечни случаи распространети низ Европа и Западна Азија.

Структура H-L901/M2939 е директен потомок на хаплогрупата GHIJK. Таа има три свои директни потомци на H-L901/M2939 - нивните дефинирачки SNP се како што следува:

H1 (L902/M3061) H1a претходно хаплогрупа H1 (M69/Page45, M370) H1b B108, Z34961, Z34962, Z34963, Z34964 H2 претходно хаплогрупа F3, (P96, L279, L281, L284, L285, L286, M282) H2a FGC29299/Z19067 H2b Z41290 H2c Y21618, Z19080 H3 (Z5857) H3a (Z5866) H3b (Z13871)

Древна распространетост Се верува дека H-L901/M2939 се одвоила од HIJK 48.500 години пред сегашноста. Се смета дека ја претставува главната хаплогрупа на Y-хромозомот на палеолитските жители на Јужна Азија. Можно место за воведување може да биде Јужна Азија, бидејќи таму е многу концентрирана.

H1a Шахре Сухте и Гонур

Шахре Сухте, Иран и Гонур, Туркменистан. H1a1d2 - бронзено време, 3200-1900 п.н.е. +H1a АНТИЧКИ ПРИМЕРОЦИ ИД на примерок Локација Радиојаглероден период Y-ДНК I11459 Шахре Сухте, Иран 2875-2631 calBCE H1a1d2 I10409 Гонур, Туркменистан 2280-2044 calBCE H1a1d2

Наоѓалишта Гогдара и Барикот

Бидејки има ограничено тестирање на древната ДНК во Јужна Азија, според тоа, постои и ограничена количина на древни примероци за H1a, и покрај тоа што таа денес е многубројна и добро распространета хаплогрупа. Првиот сет на древна ДНК од Јужна Азија бил објавен во март 2018 година Биле собрани 65 примероци од долината Сват во северен Пакистан, од кои 2 и припаѓале на H1a. +H1a ДРЕВНИ ПРИМЕРОЦИ Дата Потклад Место Земја Култура Придружни хаплогрупи Извор 1100-900 п.н.е H1a1 Гогдара, долина Сват Пакистан железно време E1b1b1b2, E1b1b1b2a 1000-800 п.н.е H1a1 Барикот, долина Сват Пакистан железно време

H2 Најраниот примерок на H2 бил пронајден во предгрнчарската неолитска Б култура на Левант пред 10.000 години. Од древните примероци, јасно е дека H2, исто така, има силна поврзаност со проширувањето на земјоделството од Анадолија во Европа, и најчесто се среќава со хаплогрупата G2a. H2 била пронајдена во неолитска Анадолија, како и во повеќе подоцнежни неолитски култури во Европа, како што е Винчанската култура во Србија, и мегалитската култура на Западна Европа.

Проучувањето од 2021 година покажало нови докази за двонасочна неолитска експанзија во Западна Европа и покажало дека иако H2 е помалку од 0,2% во современото западноевропско население, таа е повеќе вообичаена за време на неолитот, помеѓу 1,5 и 9%. Тие идентификувале два главни клада H2m и H2d . Во однос на тековната ISOGG номенклатура, H2m се смета дека е дефинирана со мешавина од H2, H2a, H2a1 и H2c1a SNP додека H2d се смета дека е дефинирана со два H2b1 SNP и четири дополнителни SNP кои претходно не биле откриени. Тие процениле дека TMRCA (најнов заеднички предок) за H2d и H2m е ~ 15,4 киа со H2m и H2d проценети TMRCA од ~ 11,8 и ~ 11,9 киа соодветно. H2 разновидноста веројатно постоела кај ловците-собирачи од Блискиот Исток и раните земјоделци, а последователно се проширила преку неолитската експанзија во Централна и Западна Европа. H2d била пронајдена по должината на внатрешната/дунавската рута во Средна Европа, но повеќето H2m поединци биле пронајдени по должината на медитеранската рута во Западна Европа, Пиринејскиот Полуостров и на крајот, Ирска.

Ималоп, исто така, две појави на H2a пронајдени во неолитските погребувања на Линкардстаун во југоисточна Ирска. Повеќе неолитски примероци H2 биле пронајдени во Германија и Франција. +H2 древни примероци Дата Место Земја Култура Придружни хаплогрупи Извор 7300-6750 п.н.е Моца Израел Левантскипредгрнчарски неолит Б E1b1b1b2, T1a1, T1a2a (PPNB од Јордан) 6500-6200 п.н.е Барчин, долина Јенишехир Турција Анадолски неолит G2a, I2C, C1a, J2a 6500-6200 п.н.е Барчин, долина Јенишехир Турција Анадолски неолит G2a, I2C, C1a, J2a 5832–5667 п.н.е Старчево Србија Винча G2a 5710–5662 п.н.е Тел Курду, долината Амик Турција Анадолски неолит J1a2a, G2a2 5702–5536 п.н.е Старчево Србија Винча G2a 5400–5000 п.н.е Шемели Унгарија Винча G2a2a, G2a2b2a1a 3900–3600 п.н.е Ла Мина, Сорија Шпанија Мегалитска I2a2a1 3500–2500 п.н.е Монте Сан Бјаџо, Лациј Италија Култура на Риналдоне / Култура на Гаудо 3925–3715 п.н.е Арслантепе Турција Рано бронзено време J2a1a1a2b2a, J1a2b1, E1b1b1b2a1a1, G2a2b1, J2a1a1a2b1b, R1b1a2 3366–3146 п.н.е Арслантепе Турција Рано бронзено време J2a1a1a2b2a, J1a2b1, E1b1b1b2a1a1, G2a2b1, J2a1a1a2b1b, R1b1a2 3336–3028 п.н.е Џулиуница Бугарија Бугарско бронзено време G2a2a1a2 2899–2678 п.н.е Пештерата Ел Порталон Шпанија Пред- ѕвонести пехари I2a2a 2470–2060 п.н.е Будимпешта - Бекасмеѓер Унгарија Пред- ѕвонести пехари R1b1a1a2a1a2b1 1881–1700 п.н.е Алалах Турција Левантско средно бронзено време II J1a2a1a2, J2b2, T1a1, L2-L595, J2a1a1a2b2a1b 550–332 п.н.е Бејрут Либан Железно доба III Ахеменидски период G2a2a1a2, G2a2b1a2, J1a2a1a2, I2a1b, Q1b

Современа распространетост

H1a

Јужна Азија H-M69 е вообичаена помеѓу населенијата на Бангладеш, Индија, Шри Ланка, Непал и Пакистан, со помала честота во Авганистан. Највисоката честота на Халпогрупата H била пронајдена во племенските групи како што се 87% кај Корагите, 70% кај Коите и 62% кај Гондите. Високите честоти на H-M69 се во Индија, и во дравидската и во индо-ариевската каста (32,9%) , во Дака, Бангладеш (35,71%), и H-M52 меѓу Калашите (20,5%) во Пакистан.

Хаплогрупата H обично се среќава меѓу индоариевските, дравидските и племенските (индиски, како и пакистанските Калаши) населенија во индискиот потконтинент. Во Европа најмногу се среќава кај Ромите, кои припаѓаат претежно (помеѓу 7% и 50%) на поткладот H1a (M82).

Хаплогрупата H-M69 била пронајдена во:

Бангладеш - 35,71% (15/42) во примероци од Дака,, и 17.72% (115/649) помеѓу бенгалски примероци од различни области на земјата. Индија - поделена на две зони: Јужна Индија – 27,2% (110/405) од примерок од неодреден етнички состав. Хаплогрупата H пронајдена меѓу дравидските племенски групи со најголема честота. Корагите носат 87%, а племето Која имаат 70% хаплогрупа Х. Гондите носат околу 62% од халпогрупата Х. Друга студија ја открила хаплогрупата H-M69 во 26,4% (192/728) од етнички разновидна група примероци од различни региони на Индија. Западна Индија - Во Махараштра - 33,3% од примерокот од (68/204) и во Гуџарат, 20,69% (12/58) меѓу Гуџарати во САД 13.8% (4/29) меѓу неодредените гуџарати во Индија, 26% (13/50) кај Давуди Бохра, 27.27 (6/22) помеѓу Бхилите, 1,56% кај браманите од Гуџарати Северна Индија - Според една студија (Триведи, 2007) е пронајдено 24,5% (44/180) и кај каста и кај племенското население на Северна Индија. Најчесто пронајдени: 44,4% (8/18) кај Утар Прадеш, Чамарите, 20,7% (6/29) кај Раџпутите, 18,3% (9/49) кај Хиндусите во Њу Делхи, 16,13% (5/31) меѓу Браманите, 11,11% (6/54) кај Колите, 10,53% (2/19) кај хималаиските Брамани, 10,2% (5/49) кај кашмирските Гуџари, 9,8% (5/51) кај кашмирските Пандити, 10,2% (5/49) во кашмирски Гуџари, 9,8% (5/51) кај кашмирските Пандити, Источна Индија 14,81% (4/27) меѓу Бихарските Пасвани, 9,7% (3/31) меѓу Бенгалците од Западен Бенгал (СБ), 5,56% (1/18) меѓу Браманите од Западен Бенгал.

Шри Ланка – во 25,3% (23/91) од примерок од неодреден етнички состав и во 10.3% (4/39) од примероци кај Синхалезите. Непал – една студија ја открила хаплогрупата H-M69 кај приближно 12% од примерокот на мажи од општото население на Катманду (вклучувајќи 4/77 H-M82, 4/77 H-M52( xM82), и 1/77 H-M69(xM52, APT)) и 6% од примерокот од Неварите (4/66 H-M82). Во друга студија, Y-DNA што припаѓа на Хаплогрупата H-M69 е пронајдена во 25,7% (5/37 = 13,5% H-M69 од село во Округот Моранг, 9/57 = 15,8% H-M69 од село во Округот Читван , и 30/77 = 39,0% H-M69 од друго село во округот Читван) од Тарус во Непал. Авганистан – кај 6,1% Паштуните, во 7,1%Таџикистанците.

Роми Хаплогрупата H-M82 е главен кластер на лозата кај Ромите, особено балканските Роми, меѓу кои сочинува приближно дури 60% од мажите. Бришење од 2 bp во локусот M82 што ја дефинира оваа хаплогрупа било пријавено и кај една третина од мажите од традиционалното ромско население што живее во Бугарија, Шпанија и Литванија. Високата распространетост на азиската специфична Y хромозомска хаплогрупа H-M82 го поддржува нивното индиско потекло и хипотезата за мал број основачи кои се разликуваат од една етничка група во Индија (Грешам и неговите соработници, 2001).

Важните проучувања покажуваат ограничена интрогресија на типичната ромска Y-хромозомска хаплогрупа H1 во неколку европски групи, вклучително и приближно 0,61% кај Албанците Геги и 2,48% кај Албанците Тоски. +H1a кај ромското население Население n/Големина на примерок Процент Извор бугарски Роми 98/248 39,5 унгарски Роми 34/107 31.8 косовските Роми 25/42 59,5 литвански Роми 10/20 50 македонски Роми 34/57 59.6 португалски Роми 21/126 16.7 српски Роми 16/46 34.8 Словачки Роми 19/62 30,65 шпански Роми 5/27 18.5

Европа, Кавказ, Средна Азија и Блискиот Исток Хаплогрупата H1a се наоѓа на многу пониски нивоа надвор од индискиот потконтинент и ромското население, но сè уште е присутна кај другите населенија:

Европа - 0,9% (1/113) H-M82 во примерок од Срби, 2% (1/57) H-M82 во примерок од македонски Грци, 1% (1/92 H-M82) до 2% (1/50 H-M69) од Украинци, H1a2a во 1,3% (1/77) од примерокот на Грци. Кавказ - 2,6% (1/38) H-M82 во примерок од Балкарци, Средна Азија - 12,5% (2/16) H-M52 во примерок од Таџици од Душанбе, 5,19% (7/135) H-M69 во примерок од Салар од Ѓингхај,Lu Yan (2011), "Genetic Mixture of Populations in Western China." Shanghai: Fudan University, 2011: 1-84. (Doctoral dissertation in Chinese: 陆艳, “中国西部人群的遗传混合”, 上海:复旦大学,2011: 1-84.) 5,13% (2/ 39) H (вклучувајќи 1/39 H(xH1, H2) и 1/39 H1) во примерок од Ујгури од округот Јутијан (Керија), Шјинџјианг,LIU Shuhu, NIZAM Yilihamu, RABIYAMU Bake, ABDUKERAM Bupatima, and DOLKUN Matyusup, "A study of genetic diversity of three isolated populations in Xinjiang using Y-SNP." Acta Anthropologica Sinica, 2018, 37(1): 146-156. 4,65% (6/129) H- M69 во примерок од Монголите од Кингхај, 4,44% (2/45) H-M52 во примерок од Узбеци од Самарканд, 3,56% (17/478) H-M69 и 0,84% (4/478 ) F-M89(xG-M201, H-M69, I-M258, J-M304, L-M20, N-M231, O-M175, P-M45, T-M272) во примерок од Ујгури од областа Хотан, Шјинџјианг, 2,86% (2/70) H-M52 во примерок од Узбеци од Хорезам, 2,44% (1/41) H-M52 во примерок од Ујгури од Казахстан, 1,79% (1/56) H-M52 во примерок од Узбеци од Бухара, 1,71% (3/175) H-M69 во примерок од Хуи од областа Чанги, Шјинџјианг, 1,59% (1/63 ) H-M52 во примерок од Узбеци од долината Фергана, 1,56% (1/64) H1 во примерок од Ујгури од селото Карчуга, Шјинџјианг, 1,32% (1/ 76) H2 во примерок од Ујгури од градот Хорикол, округот Ават, Шјинџјианг, 0,99% (1/101) H-M69 во примерок од Казаци од областа Хами, Шјинџјианг.