мини|357x357пкс| Кичевскиот срез во рамките на Кралството Србија, 1913. Кичевски Срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија и Кралството Југославија.
Организација и население Кралство Србија После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Кичевскиот Срез припаѓал на Битолскиот Округ, заедно со Битолскиот, Крушевскиот, Мариовскиот, Преспанскиот и Прилепскиот Срез. Како центар на срезот бил градот Кичево. Во 1913 година тој имал 14 општини, со 76 села, еден град и 1 манастир. Градското населние изнесувало 5.430, додека селското население изнесувало 26.354 жители. +Кичевскиот срез според пописот од 1913 годинаБројИме на општинатаБрој на селаКолку часови е оддалечена општината од КичевоЖители1Беличка24:1510842Бржданска82:3020243Доленачка7322914Карабуничка61:3022145Кичевска//54306Кленовачка83:3026547Мало-црска4?20168Мидиначка54:1531429Орланачка52:30203210Осломејска52161111Пренљанска81:30287512Раштанска90:30195013Свето-врачка73107914Церска251382
Кралство СХС Во 1921 година, срезот имал 14 општини и еден град. Градот Кичево имал 4.792 жители, а кичевската околина имала 23.436 жители.
Јазик Во градот Кичево 96% од населението говорело српски или хрватски. Од другата страна пак, во рамките на целиот срез, 66% од жителите говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил арнаутскиот (33%). +Јазици 1921 годинаЈазикКичевска околинаГрад КичевоВкупно%Српски или хрватски1407046001867066.14Арнаутски916835920332.60Други1981573551.26
Религија Во градот Кичево 26% од населението било православно, додека 74% биле муслимани. Од другата страна пак, во кичевската околина 56% биле православни, а 44% биле муслимани.http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf +Религија 1921 годинаРелигијаКичевска околинаГрад КичевоВкупно%Православни1320912451445451.20Муслимани1022735471377448.80Други0000
Кралство Југославија Во 1931 година, Кичевскиот Срез имал 13 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска Бановина. Вкупното градско население изнесувало 6.382, додека селското население изнесувало 25.719. Целиот срез имал 32.101 жители. Како православни се изјасниле 50% од жителите, додека како муслимани 49%.http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
66% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки, 31% говореле на арнаутски.
Наводи
Категорија:Срезови во Кралството Југославија Категорија:Битолски Округ Категорија:Македонија под српска власт Категорија:Историја на Кичево