мини|Трансгенска пченка која содржи ген од бактеријата Bacillus thuringiensis. Генетски изменета пченка ― генетски изменета пченка. Специфични соеви пченка се генетски изменети за да бидат изразени земјоделски посакуваните особини, вклучувајќи отпорност на штетници и хербициди. Сортите пченка со двете особини сега се користтени во повеќе земји. Генетски изменетата пченка, исто така, предизвикала контроверзии во однос на можните здравствени ефекти, влијанието врз другите инсекти и влијанието врз другите растенија преку протокот на гени. Една сорта, наречена Starlink, била одобрена само за храна за животни во Соединетите Држави, но била пронајден во храната за луѓе, што довело до низа повлекувања почнувајќи од 2000 година.
Производи на пазарот Сортите пченка отпорни на хербициди на глифосат првпат биле комерцијализирани во 1996 година од претпријатието Monsanto и се познати како „Roundup Ready Corn“. Тие ја толерираат употребата на хербицидот Roundup. Bayer CropScience развиле „Liberty Link Corn“ која е отпорна на глуфозинат. Pioneer Hi-Bred развиле и продаваат хибриди од пченка со толеранција на хербициди на имидазолин под трговската марка „Clearfield“ - иако кај овие хибриди, особината за толеранција на хербицид била одгледувана со користење на избор на култура на ткиво и хемиски мутаген етил метансулфонат, а не генетско инженерство. Следствено, регулаторната рамка што го регулира одобрувањето на трансгенските култури не е применувано кон Clearfield.
Од 2011 година, генетски изменетата пченка отпорна на хербициди била одгледувана во 14 земји. До 2012 година, 26 сорти на генетски изменета пченка отпорна на хербициди биле одобрени за увоз во Европската Унија, но таквиот увоз останува контроверзен. Одгледувањето на пченка отпорна на хербициди во ЕУ обезбедува значителни придобивки на земјоделско ниво.
Пченка отпорна на инсекти десно|мини|200x200пкс| Пченкарниот молец, Ostrinia nubilalis, ги уништува посевите на пченка со вдлабнување во стеблото, предизвикувајќи растението да падне.
Пченка со Bacillus thuringiensis Пченката со Bacillus thuringiensis е врста пченка која била генетски изменета за да изразува еден или повеќе белковини од бактеријата Bacillus thuringiensis вклучувајќи делта ендотоксини. Белковината е отровна на одредени инсекти штетници. Спорите на бактеријата се широко користени во органското градинарство, иако генетски изменетата пченка не е сметана за органска. Пченкарниот молец предизвикува штета од милијарда евра врз насадите секоја година.
Во последниве години, додадени се особини за да бидат заштитени молците Helicoverpa zea и тврдокрилците од родот Diabrotica, од кои вторите годишно предизвикуваат штета од околу милијарда долари.
Белковината со Bacillus thuringiensis е изразувана низ растението. Кога ранлив инсект јаде растение кое содржи Bacillus thuringiensis, белковината е активирана во неговото црево, кое е алкално. Во алкалната средина, белковината делумно се расплетува и е сечена од други белковини, создавајќи токсин кој го парализира системот за варање на инсектот и создава дупки во ѕидот на цревата. Инсектот престанува да јаде за неколку часа и на крајот гладува.
Во 1996 година, бил одобрена првата генетски изменета пченка која произведувала белковина Cry со Bacillus thuringiensis, кој го убива пченкарниот молец и сродните видови; биле воведувани последователни гени со Bacillus thuringiensis кои убивале ларви од Diabrotica.
Филипинската влада промовирала пченка со Bacillus thuringiensis, надевајќи се на отпорност на инсекти и повисоки приноси. p.443
Одобрените гени со Bacillus thuringiensis вклучуваат единечни и наредени (имиња на настани во загради) конфигурации на: Cry1A.105 (MON89034), CryIAb (MON810), CryIF (1507), Cry2Ab (MON89034), Cry3Bb1 (MON863 и Cry3Bb1 (MON863 и MON861, MON89034) (59122), mCry3A (MIR604) и Vip3A (MIR162), и во пченка и во памук. Пченката генетски е изменувана за да произведе вазоактивен цревен пептид, првпат бил одобрена во Соединетите Држави во 2010 година.
Студија од 2018 година, покажала дека пченката со Bacillus thuringiensis ги штити блиските полиња со пченка што не содржи Bacillus thuringiensis и блиските градинарски култури, намалувајќи ја употребата на пестициди на тие култури. Податоците од 1976-1996 година (пред пченката со Bacillus thuringiensis да биде широко распространета) биле споредени со податоците откако биле усвоени (1996-2016). Тие ги испитувале нивоата на пченкарниот молец и Helicoverpa zea. Нивните ларви јадат различни култури, вклучувајќи пиперки и боранија. Помеѓу 1992 и 2016 година, количината на инсектициди што биле користени на полињата со пиперка во Њу Џерси, била намалена за 85 проценти. Друг фактор бил воведувањето на поефикасни пестициди кои биле применувани поретко.
Слатка пченка Во сортите на генетски изменета слатка пченка припаѓа т.н. „Attribute“, името на брендот за слатка пченка отпорна на инсекти развиена од Syngenta и слатка пченка отпорна на инсекти Performance Series развиена од Monsanto.
Куба Додека земјоделството во Куба е главно насочено на органско производство, од 2010 година, земјата развила разновидна генетски изменети пченки кои се отпорни на паломилскиот молец.Anna Glayzer for The Food Commission. 19 јули 2010 Cuba's food production revolution
Пченка отпорна на суша Во 2013 година, Monsanto ја лансирал првата трансгенска особина на толеранција на суша во линијата на пченкарни хибриди наречена DroughtGard. Особината MON 87460 е обезбедена со вметнување на генот cspB од почвениот микроб Bacillus subtilis; тој бил одобрен од Министерството за земјоделство на Соединетите Држави во 2011 година и од НР Кина во 2013 година.
Здравствена безбедност Во обичните култури пченка, инсектите промовираат габична колонизација со создавање „рани“ или дупки во зрната од пченка. Овие рани се пожелни од габични спори за 'ртење, што последователно доведува до собирање на микотоксин во културата што може да биде ракородно и токсично за луѓето и другите животни. Ова може да биде покажано како особено катастрофално во земјите во развој со драстични климатски обрасци како што се високите температури, кои се пожелни за развојот на токсичните габи. Покрај тоа, повисоките нивоа на микотоксин доведуваат до отфрлање на пазарот или намалени пазарни цени за житото. Посевите со генетски изменета пченка наидуваат на помалку напади од инсекти, и затоа имаат помали концентрации на микотоксини. Помалку напади од инсекти, исто така, го спречуваат оштетувањето на чебленката на пченката, што ги зголемува вкупните приноси.
Производи во развој Во 2007 година, јужноафриканските истражувачи објавиле производство на трансгенска пченка отпорна на вирусот на пченкарната низа, иако таа не е пуштена во продажба како производ. Додека одгледувањето на сорти за отпорност на вирусот на пченкарната низа не е вршено во јавниот, приватниот сектор, меѓународните истражувачки центри и националните програми го направиле целото одгледување. Од 2014 година, во Африка биле пуштени неколку сорти толерантни на вирусот. Приватното претпријатие Seedco издало 5 пченкарни сорти отпорни на вирусот.
Направено е истражување за додавање на еден ген на E. coli на пченката за да се овозможи таа да биде одгледувана со есенцијална аминокиселина (метионин).
Засолнета пченка Регулативите на Агенцијата за заштита на животната средина на Соединетите Држави бараат од одгледувачите кои садат пченка со Bacillus thuringiensis, да садат пченка што не е со Bacillus thuringiensis во близина (наречена засолнета пченка), со логика дека штетниците ќе ја нападнат пченката што не е со Bacillus thuringiensis и на тој начин нема да еволуираат отпорност на токсинот на Bacillus thuringiensis. Вообичаено, 20% од полињата со пченката на одгледувачот мора да бидат прибежиште; засолништето мора да биде најмалку 800 м од пченката со Bacillus thuringiensis за штетници како што се пеперугите, а засолништето за Diabrotica мора да биде најмалку во непосредна близина на полето со Bacillus thuringiensis. Регулативите на Агенцијата исто така бараат од претпријатијата за семиња да ги обучуваат земјоделците како да одржуваат засолништа, да собираат податоци за засолништата и да ги пријават тие податоци до Агенцијата. Студија за овие извештаи покажала дека од 2003 до 2005 година усогласеноста на земјоделците со чувањето на засолништата била над 90%, но дека до 2008 година приближно 25% од одгледувачите на пченка со Bacillus thuringiensis не ги чувале засолништата правилно, што предизвикува загриженост дека ќе биде развиен отпор.
Неизменетите култури добиле најголем дел од економските придобивки од пченката со Bacillus thuringiensis во Соединетите Држави во 1996-2007 година, поради целокупното намалување на населението на штетници. Ова намалување дошло затоа што женките снесле јајца на изменети и неизменети соеви подеднакво, но штетниците организми кои се развиваат на изменетата сорта се елиминирани.
Вреќите за семиња што содржат и Bacillus thuringiensis и „засолничко“ семе се одобрени од Агенцијата за заштита на животната средина во Соединетите Држави. Овие мешавини на семиња биле продавани како „Прибежиште во вреќа“ за да се зголеми усогласеноста на земјоделците со барањата за засолниште и да биде намалена дополнителната работа потребна при садењето од при рака одделни вреќи за семе со Bacillus thuringiensis и вреќа за засолниште. Агенцијата одобрила помал процент на засолниште семе во овие мешавини на семиња кои се движат од 5 до 10%. Оваа стратегија веројатно ќе ја намали веројатноста за појава на отпорност на Bacillus thuringiensis кај животните Diabrotica, но може да го зголеми ризикот од отпорност за штетници од пеперугите, како што е пченкарниот молец. Зголемената загриженост за отпорност со мешавини на семиња вклучува делумно отпорни ларви на растението со Bacillus thuringiensis што можат да се преселат во чувствително растение за да преживеат или вкрстено опрашување на полен за засолниште на растенијата со Bacillus thuringiensis што може да го намали количеството на Bacillus thuringiensis изразено во чебленките кои се јадени од инсектите.
Отпорност Отпорни соеви на пченкарните молец се развиле во области со неисправно или отсутно управување со засолништето. Во 2012 година, теренско испитување во Флорида покажало дека молците од видот Spodoptera frugiperda се отпорни на пченката со Bacillus thuringiensis произведена од Dupont-Dow; Отпорот на Spodoptera frugiperda првпат бил откриен во Порторико во 2006 година, што ги натера Dow и DuPont доброволно да престанат да го продаваат производот на островот.
Законска регулатива Регулирањето на генетски изменетите култури варира помеѓу земјите, при што некои од најзначајните разлики се јавуваат помеѓу Соединетите Држави и Европа. Регулативата варира во дадена земја во зависност од наменетата употреба.Wesseler, J. and N. Kalaitzandonakes (2011): Present and Future EU GMO policy. In Arie Oskam, Gerrit Meesters and Huib Silvis (eds.), EU Policy for Agriculture, Food and Rural Areas. Second Edition, pp. 23-323 – 23-332. Wageningen: Wageningen Academic PublishersBeckmann, V., C. Soregaroli, J. Wesseler (2011): Coexistence of genetically modified (GM) and non-modified (non GM) crops: Are the two main property rights regimes equivalent with respect to the coexistence value? In "Genetically modified food and global welfare" edited by Colin Carter, GianCarlo Moschini and Ian Sheldon, pp 201-224. Volume 10 in Frontiers of Economics and Globalization Series. Bingley, UK: Emerald Group Publishing
Контроверзност