Никола Баснарков (, — , ) — македонски сликар и просветител.

Животопис Роден е во 1932 година во тиквешкото село Ваташа. Завршил Средно уметничко училиште, насока применета уметност и Уметничка академија во Скопје. Баснарков станал еден од најзначајните акварелисти во Македонија. Во својата кариера имал 9 самостојни изложби и учествувал на 4 групни изложби и колонии.

Георги Арсовски за Басарков запишал: „Она што плени кај Баснарков при првата средба со неговите акварели е чувството дека се среќаваш со уметник што знае што сака“. За изложбата „Современ македонски акварел“, Скопје 1984 година, на која учествувал и Баснарков, критичарот Владимир Величковски напишал: „Еден од најпопуларните акварелисти е Никола Баснарков, кој во своите дела покажува префинето чувство за односот меѓу тоновите.

Починал во Кавадарци во 1987 година. По неговата смрт биле одржани три ретроспективни изложби на неговото творештво — Кавадарци (1992), Скопје (1993) и Куманово (1993).

Поврзано

Лазо Баснарков

Диме Баснарков

Наводи

Категорија:Починати во Кавадарци Категорија:Македонски сликари