Бекирли или Бекерли — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало северно од Ругуновец, близу границата со Р Македонија.

Историја На почетокот на XX век Бекирли било турско село во Гевгелиската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бекерлија (Bekerlia) било село со 15 домаќинства сочинети од 50 Македонци муслимани. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Беќарли имало 200 жители Турци.

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Бекирли имало 40 турски куќи.

Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. согласно Букурешкиот договор селото влегло во состав на Грција. Таа година во Бекирли се попишани 246 жители.

Бекирли се распаднало за време на Првата светска војна и не било обновено.

Наводи

Категорија:Историски села во Пајонија (општина)