Балџа (, Мелисохори; до 1926 г. Μπάλτζα, Балѕа) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Жителите се погрчени Македонци.

Географија Селото е сместено во северозападниот дел на Лагадинското Поле, на 9 км северозападно од Лагадина и на 16 км северно од Солун. Лежи во источното подножје на планината Балџа. Југоисточно од селото се наоѓа манастирот „Христос Седржител“.

Историја Во Отоманското Царство Црквата „Св. Ѓорѓи“ е изградена во 1774 г. Балџанецот Нестор Стерјо(в) зел учество во Грчката војна за независност. Во XIX век Балџа било македонско село во процес на конечно погрчување, под силен удар на грчката пропаганда.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1878 г. Балџа (Baldja) било село 400 со домаќинства сочинети од 1.735 „Грци“ (т.е. погрчени Македонци).

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Балџа живеят 1.700 Грци (т.е. погрчени Македонци). Вели дека Балџа, Дремиглава и Гвоздово) са македонски села, но веќе сосем погрчени. Бо Балџа имало уште старци кои знаеле македонски, но новото поколение не знаело. И овде како и на Халкидик сè уште се пееле македонски песни. Тој додава дека во Балџа и Гвоздово се преселиле по неколку грчки куќи уште во XVIII век, кои помогнале во нивното погрчување.

мини|Народна носија од Балџа. Селото било прибежиште за четите на грчката вооружена пропаганда во Солунско и Кукушко. Истакнати андартски дејци од самата Балџа биле Хараламбос Стакопулос и Атанасиос Ставрудис. Според извештај на Атанас Шопов, на 1 декември грчката чета од Балџа убила двајца Македонци од кукушките села кои оделе на пазар во Балџа.Георгиев, Величко, Стайко Трифонов. Гръцката и сръбската пропаганди в Македония. Краят на XIX – началото на ХХ век, София, Македонски научен институт, 1995, стр. 20.

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Балџа (Baldja) имало 1.810 жители „Грци“ и во селото работело грчко училиште.

Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Балџа (Μπάλτζα) било гркојазично село во Солунската митрополија со 2.400 жители кои тој ги смета за грчки. Во него работела грчка шетстолетка и детска градинка со 225 ученици (143 машки и 42 женски) и 4 учители. Во селото имало и просветно друштво.

Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), пред Балканските војни Балџа се состоела од дури 500 куќи на погрчени Македонци. При неговата посета во 1917-18 г. забележал дека балџаните закупувале бавчи на рамницата под Амбарќој која се наводнувала од реката Галик и таму одгледувале пченка и овошје. Тоа го правеле и северно од тогашната железничка станица во Солун, но овде навеоднувале со вода од бунари поради отсуството на речна вода.

Во Грција Во 1912 г. за време на Првата балканска војна во селото влегла бугарска војска. Кукушкиот окружен управник Владимир Караманов го водел како гркоманско. Селото го посетувале грчки андарти и агитатори, кои ги терале селаните да не ѝ се потчинуваат на бугарската власт.„Военно-исторически сборникъ“, книжка 39, февруари 1939, стр. 166, 171. (В. Карамановъ, бившъ кукушки окрѫженъ управитель – „Страници изъ междусъюзническитѣ отношения въ близкитѣ околности на гр. Солунъ презъ Балканската война 1912/1913 г. Лѫгадинска околия“

При избувнувањето на Втората балканска војна во 1913 г. селото окупирано од грчка војска станало главен штаб на армијата пред Битката кај Кукуш. По војната селото е припоено кон грчката држава согласно Букурешкиот договор. Таа година во него се попишани 2.675 жители, што веројатно се должи на насобраните жители пребегани од други села за време на војната. Со нормализирањето на состојбата, дојденците го напуштиле селото, така што на пописот во 1920 г. во Балџа се заведени 1.649 лица. Во 1926 г. селото е преименувано во Мелисохори. Пописот од 1928 г. го води селото со 1.495 жители поради иселување во Солун.

+ Месности во Балџа преименувани со службен указ на 21 октомври 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Чикут Τσικούτι Амбелија Άμπέλια Крјасти Κριάστι Плаја Πλαγιάмесност на ЈИ од Балџа и на СЗ од Ајватово Унизма или Унисма Ουνισμα Ктимата Κτήματαмесност на И од Балџа, на С од Ајватово и на ЈИ от Дремиглава Цаирудија Τσαϊρούδια Ливадија Λιβάδιαмесност на СИ од Балџа и на ЈЗ од Дремиглава Кајнарска Река Καϊνάρικος Λάκκος Рема Ρέμαрека на З од Балџа

Население

Наводи

Категорија:Даутбал