Во сметачките мрежи, преносното ниво или ниво 4 нуди крај-крај комуникациски сервиси за прилози во рамки на слоевита архитектура од мрежни компоненти и протоколи. Преносното ниво обезбедува практични услуги како што се поврзувачки ориентирано општење, сигурност, контрола на проток и мултиплексирање.
Преносните нивоа се содржат и во TCP/IP-моделот, кој е основата на семрежјето, и во OSI-моделот од генералното вмрежување. Дефинициите на преносното ниво се малку поразлични во двата модели. Оваа статија првенствено се однесува на TCP/IP-моделот во којшто TCP е во голема мера за практичен приложен програмски посредник за семрежни домаќини, за разлика од дефиницијата за преносното ниво кај OSI-моделот.
Најпознатиот преносен протокол е Transmissions Control Protocol (TCP), кој го позајмил своето име во насловот на TCP/IP. Се користи за поврзувачки ориентирани преноси, а User Datagram Protocol (UDP) се користи за поедноставни преноси на пораки. ТСР е посложен протокол, поради својот постојан дизајн да инкорпорира сигурен пренос и услуги за проток на податоци. Други истакнати протоколи во оваа група се Datagram Congestion Control Protocol (DCCP) и Stream Control Transmission Protocol (SCTP).
Сервиси Постојат многу сервиси кои изборно може да се обезбедени од страна на протокол од преносното ниво, и различни протоколи можат или не можат да ги спроведат. Поврзувачки ориентирано општење: Толкување на врска како проток на податоци може да обезбеди многу предности за прилози. Справување со тоа е нормално полесно отколку со основните connectionless моделите, како што е основниот на ТСР Интернет Протокол модел на датаграми. Ориентација на бајти: Наместо обработка на пораки на основниот комуникациски системски формат, обично е полесно за прилогот да го обработи протокот на податоци како секвенца од бајти. Оваа поедноставеност им помага на прилозите да работат со различни основни формати на пораки. Ист редослед на достава: Мрежното ниво обично не гарантира дека пакетите од податоци ќе пристигнат во ист редослед како што биле пратени, но често ова е пожална функција. Ова обично се прави преку нумерирање на сегменти, така што приемникот ги пренесува до аликацијата во редослед. При ова може да се случи head-of-line блокирање. Сигурност: Пакетите можат да бидат изгубени за време на транспортот, поради грешки и мрежен метеж. По пат на откривање на грешка во кодот, како што е проверката со контролен збир, транспортниот протокол може да провери дали податоците не се оштетени, и да потврди точен прием со праќање на АСК или NАСК порака до праќачот. Автоматски повторувачки, барачки шеми може да се користат за реемитување на изгубени или оштетени податоци. Контрола на проток: Стапката на пренос на податоци помеѓу два јазли понекогаш мора да се управува за да се спречи брз испраќач од пренесување повеќе податоци отколку што може да биде поддржано од страна бафер кој ги прима податоците, предизвикувајќи баферско оптоварување. Избегнување на застој: Контролата за застој може да го контролира сообраќајниот влез во телекомуникациската мрежа, па за да се избегне конгестивен колапс, се прават обиди да се избегне пренатрупување на која било обработка или линк способностите на средните јазли и мрежи и преземање на ресурсно намалени чекори, како што се намалување на стапката на испраќање пакети. На пример, автоматското повторување на барања може да ја задржи мрежата во пренатрупана состојба; оваа ситуација може да се избегне со додавање на избегнување на застојот на контролата на проток, вклучувајќи го и бавниот старт. Ова ја задржува брзината на потрошувачка на ниско ниво во почетокот на пренос, или по реемитување на пакетот. Мултиплексирање: Портите можат да обезбедат повеќе крајни точки на еден јазол. На пример, името на поштенска адреса е еден вид на мултипрексирање, и прави разлика помеѓу различни корисници на иста локација. Секој сметачки прилог ќе слушне за информација за сопствената порта, што им овозможува користење на повеќе од една мрежна услуга во исто време.
Анализа Преносното ниво е одговорно за достава на податоци до соодветниот приложен процес на домаќинските сметачи. Ова овозможува статистичко мултиплексирање на податоци од различни приложни процеси, т.е формирање на податочни пакети, и додавање на броевите на изворната и дестинациската порта во заглавјето на секој податочен пакет во транспортното ниво. Заедно со изворната и дестинациската IP-адреса, броевите на портите претставуваат мрежен приклучок, односно идентификациска адреса на процес-процес комуникација.
Некои протоколи од ова ниво, на пример TCP, но не и UDP, поддржуваат виртуелни кола, односно обезбедуваат конекциска комуникација преку основната пакет ориентирана датаграм мрежа. Бајт проток е доставен, криејќи ја комуникацијата со пакети за приложните процеси. Ова вклучува поврзување со врска, делење на протокот на податоци во пакети наречени сегменти, нумерирање на сегменти и преуредување на растурени податоци.
Конечно, некои протоколи од преносното ниво, на пример TCP, но не и UDP, обезбедуваат крај-крај сигурна комуникација, односно обновување на грешка со помош на код за откривање на грешки и автоматско повторувачко барање (ARQ) протоколот. Протоколот ARQ исто така, обезбедува контрола на проток, што може да се комбинира со избегнување на застој. UDP е многу едноставен протокол, и не обезбедува виртуелни кола, ниту пак сигурна комуникација, ги делегира овие функции на приложната програма. UDP пакетите се наречени датаграми, наместо сегменти.
TCP се користи за многу протоколи, вклучувајќи НТТР прелистување на веб и електронска пошта. UDP може да се користи за мултикастинг и емитување, бидејќи преноси не се можни кон голема количина на домаќини. UDP обично дава повисока продуктивност и пократка латентност, и затоа често се користи за real-time мултимедијални комуникации каде што загуба на пакет повремено може да се прифати, на пример IP-ТВ и IP-телефонија, и за семрежни сметачки игри.
Протоколи
Точна дефиниција за она што се квалификува како протокол на преносно ниво не е постојана. Подолу е дадена список на двата главни протоколи од ова ниво: ATP, AppleTalk Transaction Protocol CUDP, Cyclic UDP DCCP, Datagram Congestion Control Protocol FCP, Fiber Channel Protocol IL, IL Protocol NBF, NetBIOS Frames protocol RDP, Reliable Datagram Protocol RUDP, Reliable User Datagram Protocol SCTP, Stream Control Transmission Protocol SPX, Sequenced Packet Exchange SST, Structured Stream Transport TCP, Transmission Control Protocol UDP, User Datagram Protocol UDP Lite µTP, Micro Transport Protocol
Наводи
Категорија:Семрежни протоколи
Категорија:OSI-протоколи