Ташко Трајков Мицев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.
Животопис Мицев е роден во селото Шљопинци, Гевгелиско во 1876 година, тогаш во Османлиското Царство. Станал учител и предавал во Стојаково. Влегува во ВМОРО, заедно со татко му Мицо и брат му Христо.„Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52, ISBN 954-9514-56-0 По Солунската и Бајалската афера во почетокот на 1901 година, а Мицев е баран од властите и во февруари е принуден да премине во нелегалност заедно со гевгелискиот учител Аргир Манасиев и Григор Тотев од Сехово.Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 359 - 360. Мицев станува нелегален комита кај Крсто Б’лгаријата и од март е самостоен војвода во Кукушко.
На 27 јуни 1901 г. четата на Ташко Мицев, Андон Ќосето, Христо Гонов Ќурјушев од Стојаково, Дино Крондирски, Кара Васил и Трајчо Шереметлиски од Шереметли пристојуваат во село Калиново, Кукушко. Предадени се од Христо Пецанов (Пецев) од Калиново и на 28 јуни четата е опколена во куќата на Дончо Петков од турската контрачета на војска од Дојран и Кукуш. Четата го пробива обрачот, но тешко ранетите во рацете Ташко Мицов и Христо Ќурјушев се враќаат во куќата и се борат цела ноќ и преку ден на 29 јуни, кога околу 5 попладнето војската ја пали куќата и двајцата загинуваат. Турците даваат доста убиени војници, како и 5 души башибозук, помеѓу кои и субашијата од Чугунци Ешрев. Раководителот на калиновскиот комитет на ВМОРО Дино Калински е принуден да стане нелегален во четата на Григор Тотев, а брат му Мицо во четата на Андон Ќосето. На 20 октомври Дино Караколев од Драгомирци по заповед на Григор Тотев ја извршува смртната пресуда на предавникот Пецков.„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 72-73, ISBN 954-9514-56-0
Илија Докторов пишува за смртта на Ташко Мицев и другите револуционери:
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на МРО Категорија:Починати во 1901 година