Дутлија или Горен (, Елеонас; до 1922 г. Ντουτλή, Дутли) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, кои денес се половина од населението.

Географија Селото се наоѓа на јужните падини на планината Шарлија, на 9 км североисточно од Сер. Лежи во долината на реката Серовица, овде оградена со височини и маслинарници.

Историја Во Отоманското Царство Црквата „Св. Никола“ е од XII век.

Според месни преданија старото село Горен се наоѓало во тесната клисура во месноста Стронген, каде бил и манастирот „Св. Богородица“. Во Средновековието селото било чифлик на манастирот „Св. Јован Претеча“. Во 1319 г. се спомнува Горјанци (Γκορεαντζη), имот крај Долна Струма; според Јордан Иванов се работи за ова село, а не за Горенци.

Во XIX век Дутлија било чисто македонско село во Серската Каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Дутли (Doutli) имало 49 домаќинства на 185 жители Македонци.

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Дутлија:

Во неговите таблици Верковиќ го бележи Дутли (Горенци) како село со 69 македонски куќи.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 во Дутлија (Горен) имало 430 жители Македонци христијани. Дутличани одгледувале многу маслинки — името на селото на турски значи црничево, кои ги продавале необработени во Сер. Дутлиските маслинки биле крупни и со мали семки. Дутличани имале многу воденици покрај реката Серовица.

По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија. и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дутлија (Doutlia) имало 400 Македонци егзархисти, и во него работело бугарско училиште со 1 учител и 40 ученици. Во 1910 г. инспекторот Константин Георгиев забележал дека во Дутлија имало 52 македонски куќи, учител во него бил С. Апостолов, а самото училиште било старо и брз дисциплина; тука учеле 27 машки и 2 женски ученици.Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 140.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а во Втората балканска војна во 1913 г. Дутлија е разорена и опожарена од грчката војска.Иванов, Йордан. „Населението в югоизточна Македония (Сярско, Драмско и Кавалско)“. София, 1917, стр.22-23. Дел од населението се иселило во Пиринска Македонија, населувајќи се претежно во Неврокоп, каде создале Дутлиско Маало. Поради ова, на пописот од истата година населението спаднало на 110 жители, но во 1920 г. се накачило на 282 лица.

Во 1922 г. името на селото е преведено на грчки во Елеон (маслинка). Под притисок на власта во 1924 г. се иселиле уште 59 лица Власти тука довеле неколку грчки колонисти. Во 1928 г. Дутлија е претставена како село со 317 жители, меѓу кои, според Тодор Симовски, само 5 лица (1 семејство) биле грчки дојденци. Други извори велат дека до 1928 г. сите Македонци ја имале напуштено Дутлија, и дека таа година селото било чисто дојденско со 117 жители (28 семејства).

Пред Втората светска војна во Дутлија се доселиле жителите на Раховица.

+ Месности во Дутлија преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Али Баба Άλή Μπαμπά Патереја Рема Πατέρα Ρέμαрека, десна притока на Серовица Долно Ољче или Долно Олче Κάτω Όλτσα Като Мосхари Κάτω Μοσχάριдол на З од Дутлија; Велишка Скала Βελίσκα Σκάλα Скала Σκάλαсамотна карпа на ЈЈЗ од Дутлија (546 м), на чие подножје било селото Велиште Малево Μάλεβο Корфула Κορφούλαвозвишение на Ј од Дутлија Могила Μουγκίλας Трапезоидес Τραπεζοειδέςвозвишение на ЈИ од Дутлија (604,3 м) Горно Ољче или Горно Олче Άνω Όλτσα Ано Мосхари Άνω Μοσχάριдол на З од Дутлија; Градишта Γραντίτσα Фрурио Φρούριοврв на СИ од Дутлија (817 м) Лајца Λιάϊτσα Кутали Κουτάλιвозвишение на С од Дутлија Бојмичото Μρεμίσοτο Фортома Φόρτωμαврв на СИ од Горно Метох (601 м) Буси Греки Μπούσι Γραίκι Стани Στάνη Рамница Ράμνιτσα Дихало Δίχαλοмесност на ССИ од Раховица Караули Καραούλι Филагма Φύλαγμα Липово Λίποβα Мити Μύτη Капакли Καπακλή Скепасма Σκέπασμαврв на СИ од Раховица (1032 м) Каришка Скала Καρίσκο Σκάλα Скала Σκάλα Насузик Νασουζίκ Петромата Πετρώματαмесност на СИ од Раховица Углеш Ούγγλις Продрому Рема Προδρόμου Ρέμαрека на СИ од Дутлија, ляв приток на Дурвица, извира од висорамнината Углеш меѓу Долно и Горно Броди; по личното име Углеш; според едно предание на него била лятната резиденциха на Јован Углеша Гарнова Скала Γκάρνοβα Σκάλα Питари Πιθάριвозвишение на СИ од Фраштани на десниот брег на Дурвица Шумеко Σούμεκο Филострома Φυλλόστρωμαмесност на СИ од Фраштани Циклата Τσικλούτα Римно Рема Γυμνό Ρέμαимето на Серовица во нејзиното горно течение Олак Όλακας Кацикаки Κατσικάκιвозвишение на СИ од Баница Дурвица Ντούρβιτσα Дјаволу Рема Διαβόλου Ρέμαрека на СИ од Дутлија (Бродска Река) Кутел Бар Κούτελι Μπάρ Епимикес Έπίμηκεςврв на СИ од Фраштани (1275 м) Картал Καρτά Λόφος Гераки Γεράκιврв на СИ отД Фраштани Саријар Σεριγιάρι Китринотопос Κιτρινότοποςмесност на ССИ од Фраштани, по горното течение на Циклата Кутел Κούτελι Куцуремени Κουτσουρεμένηврв на СИ од Фраштани (1413,6 м)

Население

Личности Димитар Сотиров — доброволец во четата на Иван Атанасов – Инџето за време на Српско-бугарската војна во 1885 г. Илија Георгиев (1893 – ?) — македоно-одрински опълченец, четата на Георги Занков, Първа рота на Единадесета сярска дружина Стефан Урдев (1883 – 1923) — деец на ВМОРО и БЗНС Стојо Љондев (1910 – 1936) — деец на ВМОРО (обединена) Стојан Пандуров (? – 1925) — деец на БЗНС, убиен од ВМРОГаджев, Иван, „Иван Михайлов (отвъд легендите)“, Том I, София 2007, Университетско издателство „Свети Климент Охридски“, стр. 805. Христо Разбојников (1881 – 1925) — револуционер, деец на ВМОРО, борец во МОО, деец на БЗНС

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Никола“ од XII век, прогласена за споменик на културата

Наводи

Категорија:Дутлија Категорија:Шарлија