Долно Хомондос (, Като Митруси до 1927 г. Χομόνδος, Хомондос) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во Општина Сер на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 404 жители (2021).

Географија Селото се наоѓа во средиштето на Серското Поле на запад од градот Сер и северно от Ениќој

Историја Потекло на името Името на селото потекнува од поимот „хомот“ (, хомонт) со додадена грчка наставка.

Во Отоманското Царство Во 1853 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“ како храм на Долното Маало на Хомондос.

Во XIX век Долно Хомондос бил чифлик во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хомудос (Homoudos) е село со 114 домаќинства сочинети од 245 Македонци и 90 муслимани.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 200 Македонци христијани, 50 Турци и а20 Черкези.

Во Долно Хомондос работеле грчката и бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Хумандос (Houmandos) имало 24 Македонци егзархисти и 496 патријаршисти, 12 Власи и 48 Роми. Во него работело бугарско основно училиште.

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Долно Хомондос броел 404 жители,н ово 1920 г. тие се намалиле на 333 лица.. Селото е погрешно наречено „Долно Хомондос“. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор сите муслимани се иселени во Турција, а на нивно место се доведени грчки колонисти.

Во 1920-тите муслиманското население на Хомондос било иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1928 г. селото имало 533 жители, од кои 119 биле грчки дојденци, а останатите биле македонски мештани.

Население

Личности Божил Стојанов — доброволец во четата на Иван Атанасов – Инџето за време на Српско-бугарската војна во 1885 г. Димитар Гоголаков (? – 1907) — гркомански андартски капетан Лазар Атанасов (Танасов) — борец во МОО, I чета на XI Серска дружина Христофор — директор на главното грчко училиште во Сер во 1867-1870 г., потоа монах во Серскиот манастир „Св. Јован Претеча“, активист на серскиот грчки СилогосРайкова, Ана. Стефан Веркович и българите. Доклади до сръбското правителство (1868-1875), София, 1978, с. 167-171.

Наводи

Категорија:Сер (општина)