Адата или Ада Чифлик — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, денес на територија на општината Сер на Серскиот Округ, Грција. Било населено со Македонци.

Географија Селото се наоѓало југозападно од Сер, во заблатена месност на север од Струма, североисточно од Долна Камила.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Адата бил мал македонски чифлик во Серската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Адата (Adata) имала 40 домаќинства сочинети од 45 жители Македонци.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Адата имала 180 жители Македонци христијани.

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Адата (Adata) имала 184 жители Македонци под Цариградската патријаршија и 6 Роми.

Селаните од Адата се жалеле на европските конзули и властите го осудиле кметот на селото.Одрински глас, брой 18, 11 май 1908, стр. 4.

= Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 117 жители, а во 1920 г. во него се попишани 128 лица.

Адата се распаднала кога земјиштето им е одземено на неговите жители и доделено на грчки доселеници во Долна Камила, како и поради регулацијата на реката Белица и копањето за канали за наводнување.

Наводи

Категорија:Сер (општина)