Лакос или дијалектно: Лакус (, Лакос) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Сер на Серскиот Округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓало на 7 км северно од градот Сер во пазувите на Шарлија и Сминица. Од карстен вруток над селото извира реката Јанина, притока на Серовица, на која порано имало многу воденици.
Историја Во Отоманското Царство През средновековието селото се наоѓало на 3 км северно од Сер и се нарекувало Велиште, разурнато од Турците. Од него останала само црквата „Св. Никола“, која постоела сè до 1918 г.
Селото се спомнува во османлиски дефтер документ од втората половина на XV и почетокот на XVI век под денешното име Лакос со 28 регистрирани глави на домаќинства.Гандев, Христо. "Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване", Наука и Изкуство, II изд., София, 1989
Во XIX век Лакос било мало македонско село во Серската Каза. Црквата „Св. Димитриј“ е подигната и живописана во 1867 г. Лакос бил чифлик на манастирот „Св. Јован Претеча“. Населението живеело од сточраство, малку земјоделство и производство на вар. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лакос (Lakos) имал 41 домаќинства сочинети од 160 жители Македонци.
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Лакос:
Во неговите статистички таблици Верковиќ го означил Лакос како село со 41 македонска куќа. В 1891 година Георги Стрезов определя селото като част от Баницакол и пише:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 400 жители Македонци христијани.
Жителите на селото се занимавале со сточарство и малку земјоделство — се одгледувале убави маслинки. Околу Лакос имало неколку печки за вар кои ги задоволувале потребите на Сер.
По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. населението на Лакос се состои од 520 жители Македонци егзархисти. Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а во Втората балканска војна Лакос е запален од грчката војска.Иванов, Йордан. „Населението в югоизточна Македония (Сярско, Драмско и Кавалско)“. София, 1917, стр.23. 70 семејства се иселиле во Бугарија. Останатите се распрснале низ блиските села и во Сер, а селото е избришано од картата. Потомци на бегалци од Лакос денес живеат во Неврокоп (Гоце Делчев) и околуната, Пазарџичко, Пловдив, Асеновград и Хасково. За ова говори фактот што во 1913 г. во Лакос се попишани 78 лица, а во 1920 г. нивниот број се намалил на само 35. Во 1920-тите селото е конечно напуштено и не било обновено.
Подоцна остатоците од селото ги користеле Каракачани кои тука ги носеле своите стада во летниот период. Во 1940 г. се забележани 109 жители, од кои 65 возрасни мажи.
Личности Коста Кукето (1849 – 1896) — револуционер во Македонското востание Георги Великов (1887 – ?) — борец во МОО, Струмичка чета, III чета на XV Штипска дружина Иван Василев (1892 – ?) — борец во МОО, четата на Таската Серски, XV Штипска дружина Павел Стоянов — доброволец во четата на Иван Атанасов – Инџето за време на Српско-бугарската војна во 1885 г. Јаков Гераков наречен „Оринос“ (Ιάκωβος Γεράκης - Ορεινός) — гркомански андарт, татко на политичарот Петрос Јакову, по него е наречена улица во Сер
Наводи
Категорија:Историски села во Сер Категорија:Шарлија