На почетокот на август 1916 година, три француски и една британска дивизија со 45.000 луѓе и 400 топови започнале офанзива против бугарските позиции кај Дојранското Езеро, кои ги бранела Втората тракиска пешадиска дивизија. Нападот започнал на 9 август со силен артилериски оган врз позициите на 27. Чепински полк и 9. Пловдивски полк. Сите четири напади што следеле на 10, 15, 16 и 18 август биле одбиени од Втората дивизија, а Сојузниците биле принудени да се повлечат на првобитните положби со големи загуби.
Други извори наведуваат дека Французите го зазеле ридот Желка (Торту) и Долџели, површина од , но по многу висока цена. Британскиот 7. баталјон на Оксфордширскиот и Бакингемширскиот пешадиски полк го зазел ридот Потковица.
Наводи
Категорија:Македонски фронт (Прва светска војна) Категорија:Воена историја на Македонија Категорија:Битки на Обединетото Кралство во Првата светска војна Категорија:Битки на Франција во Првата светска војна Категорија:Битки на Бугарија во Првата светска војна Категорија:Битки на Балканското боиште (Прва светска војна) Категорија:Дојран Категорија:Судири во 1916 година Категорија:Македонија во 1916 година Категорија:Македонија под српска власт Категорија:Македонија под власта на Бугарија