Украинска бегалска криза — тековна бегалска криза која започнала во Европа кон крајот на февруари 2022 година по руската инвазија на Украина. Над 6 милиони бегалци кои побегнале од Украина се регистрирани низ Европа, додека околу 8 милиони други биле раселени во земјата до крајот на мај 2022 година. Приближно една четвртина од вкупното население на земјата ги напуштило своите домови во Украина до 20 март. 90% од украинските бегалци се жени и деца, додека на повеќето украински мажи на возраст помеѓу 18 и 60 години им е забрането да ја напуштат земјата. До 24 март, повеќе од половина од сите деца во Украина ги напуштиле своите домови, од кои четвртина ја напуштиле земјата. Инвазијата ја предизвикала најголемата бегалска криза во Европа од Втората светска војна и нејзините последици, е прва од ваков вид во Европа по војните во Југославија во 1990-тите, како и четвртата најголема бегалска криза во историјата, и е најголемата бегалска криза во 21 век, со највисока стапка на бегство на бегалци на глобално ниво.
Огромното мнозинство бегалци првично влегле во соседните земји западно од Украина (Полска, Словачка, Унгарија, Романија и Молдавија). Околу 3 милиони луѓе потоа се преселиле на запад во останатите европски земји. Од 18 јули 2023 година, според податоците на УНХЦР, земјите во кои најголем број Украинци поднеле барање за азил или друга привремена заштита, се Полска (1,6 милиони), Германија (1 милион) и Чешка (0,54 милиони). Според податоци од септември 2022 година, Хјуман рајтс воч документирал дека украинските цивили биле насилно префрлени во Русија. Канцеларијата за човекови права на ОН изјавила дека „Има веродостојни наводи за присилно пренесување на деца без придружба на руската окупирана територија или во самата Руска Федерација“. Стејт департментот на Соединетите Американски Држави проценил дека најмалку 900.000 украински граѓани биле насилно преместени во Русија. Повеќе од 4,5 милиони Украинци се вратиле во Украина од почетокот на инвазијата.
Земјите на Европската Унија (ЕУ) кои граничат со Украина дозволиле влез на сите украински бегалци, а ЕУ се повикала на Директивата за привремена заштита која им дава право на Украинците да останат, работат и студираат во која било земја членка на Европската Унија за почетен период од една година. Некои неевропски граѓани и Роми пријавиле етничка дискриминација на границата.
Бегалци пред инвазијата во 2022 година Пред инвазијата, анексијата на Крим од страна на Руската Федерација и војната во Донбас, кои и двете претставуваат дел од Руско-украинската војна, веќе резултирале со над два милиони бегалци и внатрешно раселени лица од 2014 година Некои медиуми ги нарекуваат заборавените бегалци во Европа, поради нивниот ладен прием во Европската Унија, релативно ниската стапка на успех на барањата за азил и запоставувањето на медиумите.
Повеќе од еден милион од бегалците пред 2022 година, главно од Донбас, заминале во Русија помеѓу 2014 и 2016 година, додека бројот на раселени лица во Украина пораснал на 1,6 милиони луѓе до почетокот на март 2016 година
Патување
Транспорт десно|мини|200x200пкс| Автомобили кои се движат кон запад на 25 февруари 2022 година. За многу бегалци кои се упатиле кон запад, возовите одиграле витална улога во патувањето во Украина и во соседните земји. Александар Камишин, извршниот директор на Украинските железници, која управува со поголемиот дел од железничките услуги во Украина, проценил дека во рок од три недели од почетокот на инвазијата, мрежата превезла 2,5 милиони патници. Тој, исто така, изјавил дека на својот врв, мрежата превезувала 190.000 луѓе дневно.
За да се осигури дека возовите можат да патуваат што е можно побезбедно, мрежата морала постојано да се прилагодува на ситуациите на теренот, како на пример доколку шините биле оштетени од бомби или доколку тие повеќе не биле под контрола на Украина. Возовите морале да се движат побавно затоа што често биле преоптоварени за да соберат што е можно повеќе луѓе, како и да го минимизираат ризикот од удар на оштетените пруги. Во текот на ноќта, возовите ги исклучувале светлата за да ја намалат можноста да бидат цел на напад.
Железничките претпријатија во неколку европски земји, меѓу кои Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Литванија, Холандија, Полска, Романија, Словачка и Швајцарија, им дозволиле на украинските бегалци бесплатно да патуваат со воз.
Други бегалци патувале со моторни возила или пеш. На некои гранични премини се формирал сообраќаен метеж од неколку километри. Авиосообраќајот не бил достапен во Украина бидејќи земјата го затворила својот воздушен простор за цивилни летови на денот на инвазијата.
Места и граничните премини Градот Лавов во западниот дел на Украина станал клучно место за бегалците. Секој ден во градот пристигнувале до 100.000 бегалци, кој пред инвазијата имал население од 700.000. Од Лавов, возовите превезувале бегалци до граничните премини како Медика, Полска и Ужхород, блиску до границата со Словачка и Унгарија. Од Медика, повеќето бегалци продолжувале кон Пшемишл, Полска, и понатаму кон остатокот од Европа.
Други големи гранични премини биле Сирет, Романија; Окница и Паланка, Молдавија; Берегсуранија, Унгарија и Вишне Немецке, Словачка.
Број на бегалци * Забелешка: Бројките за Русија вклучуваат Украинци регистрирани за сите форми на престој во 2022 година, како и 64.500 доделени со статус на бегалци или привремен азил. Бројките за други земји се бегалци регистрирани за заштита во секоја земја или, доколку оваа бројка не е достапна, бегалци регистрирани како живеат во таа земја.
Бројот на бегалци би можело бргу да се промени и често бројките се само проценки. Движењата од земја до земја не се нужно официјално регистрирани. На Украинците им е дозволено да патуваат во некои земји во Европа без виза и може да им биде дозволено да останат во земјата подолг период, без посебна дозвола. На друго место, тие треба да поднесат барање за азил. Поради шенгенските аранжмани, откако влегуваат во која било земја од Шенген, бегалците можат да патуваат во други земји од Шенген без никакви визи или гранични проверки.
Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања на 27 февруари 2022 година проценила дека за два месеци во Украина требало да има 7,5 милиони внатрешно раселени лица, 12 милиони луѓе требало да имаат потреба од здравствена заштита, а бројот на луѓе кои бегаат од војната може да достигне 4 милиони. Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) изјавил дека ситуацијата е најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна. До почетокот на ноември, според УНХЦР, бројот на украински бегалци регистрирани низ Европа изнесувал околу 7,8 милиони. Земјите кои примаат најголем број бегалци биле Русија (2,9 милиони), Полска (1,5 милиони), Германија (1 милион) и Чешка (0,4 милиони).
Шефот за комуникации на Високата комисија на ОН за човекови права ја нарекол брзината на егзодусот на бегалците од Украина „феноменална“.
Иследувањето на агенцијата на ОН , Меѓународната организација за миграција, објавена на 21 март 2022 година, покажала дека 13,5% од раселените луѓе исто така биле раселени во 2014-2015 година. Иследувањето покажало дека 60% од бегалските домаќинства патувале со деца, а од речиси 10 милиони луѓе раселени во и надвор од Украина на тој датум, 186.000 биле државјани на трета земја.
Земји
Соседни земји Соседните земји се наведени по редослед на бројот на бегалци кои влегле во нив; останатите се наведени по азбучен ред.
Полска лево|мини| Бегалци на централната железничка станица во Варшава алт=People sitting on a tiled floor, some eating food wrapped in paper|лево|мини| Бегалци во близина на полската гранична железничка станица Пшемишл Уште на 15 февруари, Полска очекувала можен руски напад врз Украина. Полската влада побарала од заедниците да се подготват за до еден милион бегалци. До 25 јули, повеќе од 1,2 милиони украински бегалци биле регистрирани во Полска. Полска во голема мера ги намалила вообичаените гранични формалности и изјавила дека ќе бидат прифатени различни документи за идентификација.
Собирни пунктови за бегалците биле отворени во секоја област на Полска. Локалните власти обезбедиле бесплатно сместување, храна и други потребни материјали. Освен тоа, огромен број граѓани и организации доброволно понудиле помош, бесплатно сместување и друга помош. Интернет мрежните места со информации за бегалците се и на украински. Владата подготвува законски измени кои ќе го поедностават вработувањето на Украинците во Полска, бидејќи во моментов е потребна работна виза бидејќи Украинците се надвор од ЕУ.
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел го посетил полско-украинскиот граничен премин на 2 март и ги пофалил полските напори „да се гарантираат безбедни премини за Украинците, за европските граѓани“ и оние од други земји „без никаква дискриминација“. Во подоцнежното интервју за France Inter, тој ги осудил наводните тврдења за расизам на украинскиот и полскиот војник како „руска пропаганда“ и дел од руската информативна војна. (Исто така види .) Голем број на набљудувачи веруваат дека повеќето веројатно ќе останат во Полска и другите средноевропски земји бидејќи „тесните пазари на трудот, градовите со пристапни цени и претходно постоечката дијаспора ги направија тие земји попривлечни алтернативи за Украинците, кои сметаат дека опциите се послаби во Западна Европа“. мини| Украинските бегалци во Краков протестираат против војната Бројот на бегалци кои пристигннале во Полска е неспоредлив во Европа. Моделските проценки покажуваат дека до 1 април, Украинците (вклучувајќи ги и бегалците, но и оние кои претходно живееле во Полска) сочинувале помеѓу 15% и 30% од населението на секој од поголемите полски градови. На пример, Украинците сочинувале 10% од вкупното население на Вроцлав пред војната и оваа бројка се зголемила на 23% до април 2022 година
Полска примила речиси 1,5 милиони украински бегалци. Миграцијата резултирала со пораст од 50% на населението во Жешов, најголемиот град во југоисточна Полска. Населението на Варшава се зголемило за 15%, на Краков за 23%, а на Гдањск за 34%. Украинските бегалци имаат законско право да престојуваат и работат низ Европската Унија. Тие исто така имаат право на истите бенефиции како Полјаците, вклучувајќи здравствено осигурување, бесплатно јавно образование и детски додаток.
Помалку од еден месец по инвазијата, полската влада го основила Фондот за помош, управуван од банката Gospodarstwa Krajowego, кој ги финансира сите акции и програми насочени кон помош и интегрирање на украинските бегалци. Европската инвестициска банка дала заем од 600 милиони евра на Фондот за помош, откако во јуни одобрила првичен заем од 2 милијарди евра. Фондот за помош го пренесува Банката Gospodarstwa Krajowego (BGK) до локалните самоуправи и другите јавни тела кои ги пречекуваат и сместуваат украинските мигранти.
Романија мини|Бегалци кои влегуваат во Романија, 5 март 2022 година Заклучно со 27 мај, Владата на Романија пријавила 989.357 Украинци кои влегле во Романија. Романскиот министер за одбрана Василе Динчу на 22 февруари изјавил дека Романија може да прими 500.000 бегалци доколку е потребно; првите бегалци пристигнале два дена подоцна. На 15 март, министерот за надворешни работи Богдан Ауреску објавил дека околу 80.000 останале во земјата.
Некои етнички Романци се меѓу Украинците кои побегнале во Романија.
Русија