Европска социјалдемократска партија (ЕСДП) (, PSDE) ― средишнолевичарска, популистичка социјалдемократска политичка партија во Молдавија. Основана во 1997 година, партијата има проевропски ставови, и е придружна членка на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) и полноправна членка на Социјалистичката интернационала. Според својот статут, ЕСДП се залага дека Молдавија е независна, суверена и демократска држава, заснована на закони и интегрирана во обединетото семејство на европските демократии.Partidul Democrat din Moldova (PDM) eDemocracy Одразувајќи ги ставовите на поранешниот водач Маријан Лупу, но и силното влијание на Молдавската православна црква, партијата е поконзервативна за општествените прашања, како што се правата на ЛГБТ. мини| Партиски главен штаб во Кишинев, ул. „Букурешти“ 90. Партијата е основана на 8 февруари 1997 година како Движење за демократска и просперитетна Молдавија (ДДПМ).http://tribuna.md/2018/02/08/zi-importanta-pentru-pdm-dumitru-diacov-la-8-februarie-1997-a-avut-loc-congresul-de-constituire-al-formatiunii/?fb_comment_id=1583965548319055_1584090754973201#f73b867affb39c AN IMPORTANT DAY FOR PDM!http://www.e-democracy.md/parties/pdm/ Partidul Democrat din Moldova (PDM), Пристапено на 1 април 2024 На 17 октомври 1998 година, на Конгресот било избрано раководството на партијата и биле усвоени статусот и политичката програма заснована на начелата на социјалдемократијата. На парламентарните избори во март 1998 година,http://www.e-democracy.md/elections/parliamentary/1998/ Alegerile parlamentare în Moldova din 22 martie 1998, Пристапено на 1 април 2024http://today.md/ro/news/politic/5281 Scurt istoric al alegerilor din Republica Moldova, пристапено на 1 април 2024 изборниот блок створен врз основа на Движењето - Блокот за демократска и просперитетна Молдавија освои над 18% од гласовите и 24 места во Собранието соодветно, што ѝ дозволи да учествува во управувањето, во рамките на Сојузот за демократија и реформи (СДР). Од 1997 година до летото 2009 година, партијата беше предводена од Думитру Дјаков, кој бил претседател на парламентот во периодот 1997-2001 година.https://unimedia.info/tag/diacov-dumitru Dumitru Diacov, пристапено на 1 април 2024 Во 1999 година, Јон Стурза, претставник на ДДПМ, бил назначен за функцијата премиер.

На 15 април 2000 година, на Конгресот на Движењето за демократска и просперитетна Молдавија било променето името во Демократска партија на Молдавија. На парламентарните избори во февруари 2001 година, ДПМ освоиле 79.757 гласови (5,02%), но не успеале да го надминат изборниот праг од 6%. На 25 мај 2003 година, на локалните избори, партијата освоила над 8,3% од гласовите и зазеде добра положба во земјата.

На 22 ноември 2003 година, на Конгресот биле поставени новите цели на партијата. Еден од основните документи што бил усвоен на Конгресот било новото издание на политичката програма, каде партијата декларира непроменлив карактер на своите опфати и начела. На Конгресот, ДПМ прогласила намера да стане членка на Социјалистичката интернационала и била усвоена Резолуцијата за односите меѓу ДПМ и синдикалното движење. На 8 мај 2004 година, како одговор на очекувањата на гласачите во врска со зајакнувањето на реформските и демократските сили, ДПМ, Сојузот „Наша Молдавија“ и Социјална и либерална партија (СЛП) го основале Демократскиот молдавски блок (ДМБ).

По парламентарните избори одржани на 6 март 2005 година, ДПМ освоила 8 места во парламентот, како единствена партија која ги загубила изборите во 2001 година и се вратила во парламентот во 2005 година. Во октомври 2007 година, пратениците на Социјалната и Либералната партија се приклучиле на пратеничката група на ДПМ и бројот на демократите се зголемил на 11, а ДПМ во тоа време станала трета политичка сила во Собранието.

По спојувањето на ДПМ со Социјалната и Либералната партија, што било одржано на Конгресот на 10 февруари 2008 година, Думитру Дјаков бил повторно избран за претседател на партијата, а поранешниот водач на Социјалната и либералната партија Олег Серебријан станал заменик-претседател. Партиската химна на ДПМ стана Бетовеновата „Ода на радоста“, која го симболизира проевропскиот вектор на партијата и нејзината приврзаност кон европскиот федералистички тек. На 19 јули 2009 година, Маријан Лупу бил избран за претседател на партијата на вонредниот конгрес на ДПМ.

На 5 април 2009 година на парламентарните избори, ДПМ освоила само 2,97% од гласовите и остана надвор од Собранието. На изборите на 29 јули 2009 година, ДПМ освоила 13 пратенички места и за многу кратко време станала една од четирите компоненти на Сојузот за европска интеграција (СЕИ) која го добил мнозинството во Собранието на Република Молдавија. Маријан Лупу, кандидатот на ДПМ, бил делегиран како кандидат на Сојуз за европска интеграција за функцијата претседател на Република Молдавија на изборите одржани на 10 ноември и 7 декември 2009 година, но не добил доволно гласови.

По предвремените парламентарни избори на 28 ноември 2010 година, ДПМ освоила 15 места во Собранието и станала една од трите компоненти на СЕИ-2. На почетокот на 2013 година, по резонантниот случај „Шума на владеење (Pădurea Domnească“), сојузот се распаднал. Во мај 2013 година, ДПМ (со 15 пратеници), Либералдемократската партија на Молдавија (31 пратеник) и Либералреформистичката партија (7 пратеници) ја образувале новата владина коалиција - Проевропска коалиција.

По парламентарните избори на 30 ноември 2014 година, ДПМ освоиле 15,8% и ја образувале проевропската владина коалиција, со 19 пратеници во Собранието на Република Молдавија. По изборите, ДПМ и Либерално-демократската партија (23 пратеници) ја образувале малцинската владина коалиција - Политички сојуз за европска Молдавија. Од 2009 година, Демократската партија е полноправна членка на Социјалистичката интернационала. Од 2010 до 2015 година, ДПМ била член набљудувач на Партијата на европските социјалисти, а во јуни 2015 година, ДПМ станала придружна членка на Партијата на европските социјалисти.

На 14 јануари 2016 година, Павел Филип, делегиран од ДПМ и поддржан од новото собраниско мнозинство, станал нов кандидат за премиерско место.https://revista22.ro/70251280/pavel-filip-noul-candidat-propus-de-partidul-democrat-pentru-functia-de-prim-ministru.html Pavel Filip, noul candidat propus de Partidul Democrat pentru functia de prim-ministru, пристапено на 1 април 2024.https://noi.md/md/news_id/76660?fb_comment_id=925123564222406_925362997531796 Pavel Filip, noul candidat PD la funcția de prim-ministru înaintat de PDM și susținut de noua majoritate parlamentară, пристапено на 1 април 2024. Владата на чело со Филип била изгласана и именувана, со гласовите на 57 пратеници: 20 пратеници на ДПМ, 13 пратеници на ЛП, 14 пратеници на поранешната Комунистичка партија, 8 пратеници и 2 поранешни пратеници на Либералдемократската партија.

Осмиот Конгрес бil свикан по донесените одлуки на состанокот на Политичкиот совет на ДПМ одржан на 10 декември 2016 година кога водачот на партијата, г-дин Маријан Лупу, ја објавил својата оставка од претседателската функција на ДПМ. Главната задача на VIII конгрес бил избор на ново раководство, усвојување на нови промени во статутот на партијата и рационализирање на новите цели за осовременување на партијата. За претседател на ДПМ бил избран Влад Плахотнјук и на конгресот добил едногласни гласови за поддршка на делегатите. Плахотниуч рекол дека ќе се насочи на осовременување на политичката партија, да стане партија која ги промовира интересите на граѓаните, а не геополитичките. Делегатите на конгресот го избрале Филип за прв заменик-претседател на ДПМ, ја изгласале списоко на новиот Национален политички совет и го усвоиле новото издание на Статутот на партијата. Според организаторите, на конгресот учествувале околу 1.000 делегати од сите области на државата и гости од странство.

На 10 март 2017 година, 14-те поранешни комунистички пратеници кои ја образувале Социјалдемократската платформа за Молдавија (СДПМ) се приклучиле на парламентарната фракција на ДПМ. Водачот на Демократската фракција, Маријан Лупу, на краткот обраќање со новинарите рекол дека одлуката на 14-те пратеници „е чекор што ќе доведе до зајакнување на парламентарното мнозинство“, со што ДПМ станала најголемата политичка групација во Собранието.

На парламентарните избори во 2019 година, ДПМ добила 23,6 отсто од гласовите, добивајќи 30 места во Собранието, што ја направило втората по големина партија во Молдавија. Партијата преминала во опозиција на новиот кабинет на Санду (создаден од Партијата на социјалистите на Република Молдавија (ПСРМ), Партијата за акција и солидарност (ПАС) и Партијата на платформата за достоинство и вистина). Во ноември 2019 година, Санду била сменета од Собранието на Молдавија преку предлог за недоверба и ДПМ и ПСРМ создале нова коалициска влада. Петнаесет пратеници на ДПМ одбиле да се приклучат на ПСРМ во новата влада и се разделиле, формирајќи ја партијата Про Молдавија, која преминала во опозиција.

Демократската партија на Молдавија започнала постапка на реконструкција во есента 2021 година, при што Моника Бабук била избрана за привремен претседател на ДПМ. Во 2022 година, Демократската партија на Молдавија и Социјалдемократската партија на Романија започнале стратешко партнерство. На 25 август, седиштето на молдавскиот огранок на ПСД било отворено во рамките на штабот на ДПМ, кој го предводел Јурие Чокан. На 7 октомври, било организирано првото издание на Форумот на месни избраници на ДПМ и ПСД (Романија), на кој присуствувале над 150 градоначалници, месни, окружни и обласни советници од Романија и Молдавија, под мотото „Обединети од инфраструктурата“. На X конгрес на ДПМ (на кој присуствувале и водачите на ПСД како Марсел Чиолаку, Виктор Негреску и Василе Динчу), било изгласано за промена на името во Европска социјалдемократска партија (, PSDE). За претседател на партијата бил избран Јон Сула, а за прв потпретседател Мирчеа Буга. Новото лого на партијата, кое било претставено, било слично на она на ПСД, составено од три рози на цврста, ограничена позадина.

Идеологија Доктрината на ПСДЕ се заснова на начелата на социјалдемократијата. Таа ги има следните основни вредности: „Еднаквост, за сите поединци да можат да го остварат својот потенцијал под чесни услови; солидарност, така што сите луѓе имаат сè што им е потребно за пристоен животен стандард; и слобода, за секој поединец да може да го изгради својот/ нејзиниот сопствен личен животен проект“. Полскиот институт за меѓународни односи изјавил дека за време на олигархот Владимир Плахотниуч партијата во пракса била слична на центристичка партија на моќ.

Во рамките на идентитетската полемика, партијата е со нејасен став. Маријан Лупу (тогашен претседател на партијата) во 2014 година рекол дека партијата е центристичка, карактеризирана со современ, проевропски молдавенизам. Од друга страна, во партијата има луѓе кои се сметаат себеси за Романци, а некои дури и го поддржуваат спојувањето со Романија. Сепак, има и советски носталгичари, кои ги сметаат Романците како „фашисти“.

Цели Партијата ја изразува својата желба да ги постигне следните цели:

Консолидација на уставниот поредок во државата, гарантирајќи почитување на политичките, економските и социјалните човекови права во согласност со Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права и други меѓународни правни инструменти. Градење и потврда во Република Молдавија на граѓанска нација според принципот "сите ние сме Молдавци како граѓани на Република Молдавија", притоа почитувајќи го правото на секој граѓанин на етничка самоидентификација. Завршување на процесот на територијална реинтеграција на Република Молдавија преку политички одлуки, на мирен начин.