Мирко Јозиќ (роден на 8 април 1940, во Триљ) — поранешен хрватски фудбалски тренер и фудбалер.
Тренерска кариера По завршувањето на играчката кариера во својата татковина, тој бил назначен за тренер на Јунак од Сињ, со кој ја освоил Југословенската трета дивизија во 1971 година. Потоа, тој работел во младинските селекции на репрезентацијата на Југославија, вклучувајќи ја и репрезентацијата под 20 години која ја предводел до титулата светски првак на првенството во Чиле 1987, со тим кој вклучувал имиња како Роберт Просинечки, Звонимир Бобан, Предраг Мијатовиќ, Роберт Јарни и Давор Шукер.
Во 1989 година се преселил во Јужна Америка, каде го водел Коло Коло, со кои ги постигнал најголемите успеси во својата кариера, станувајќи меѓу другото првиот европски тренер кој успеал да ја освои титулата во Копа Либертадорес како и првиот тренер кој го освоил најсилното јужноамериканско клупско натпреварување на чело на чилеански тим.
Во 1994 година, тој бил назначен за селектор на Чиле, функција која ја извршувал приближно 12 месеци. Потоа по кратко време поминато на клупата на мексиканската Клуб Америка, тој се вратил во својата татковина каде во сезоната 1995-1996 бил назначен за тренер на Хајдук Сплит, заменувајќи го Иван Каталиниќ на клупата. Неговиот престој во клубот ќе остане запоменет по една несекојдневна ситуација во хрватскиот фудбал: во последното коло од првенството, Јозиќ ги водел популарните били до победа над Вартекс (1-0) со што Хајдук му овозможил на својот најголем ривал Динамо Загреб (тогашна Кроација) да го престигне клубот од Вараждин и да ја освои титулата, на што пак сплитската публика одговорила со свирежи.
Потоа, тој работел во Ал-Хилал во Саудиска Арабија, па накратко се вратил во Јужна Америка каде бил на клупата на аргентинскиот Њуелс Олд Бојс, а во летото 1998 година ја преземал тренерската фунција во португалскиот гигант Спортинг Лисабон. Сепак, таму не успеал да оствари добри резултати, освојувајќи го само четвртото место во португалското првенство и претрпел две рани елиминации во домашниот куп и Купот на УЕФА, по што бил отпуштен по завршувањето на сезоната 1998-1999.
Врвот на тренерската кариера го достигнал во 2000 година, кога станал селектор на хрватската репрезентација. Иако со коцкестите успеал да се квалификува за Светското првенство 2002, таму не успеал да ја мине групната фаза, забележувајќи само една победа над фаворитот Италија и два неочекувани порази од Мексико и Еквадор.
Титули Тренер Клупски Јунак Сињ Трета лига на Југославија : 1 1970-1971
Коло Коло Примера Дивисион : 3 1990, 1991, 1993 Куп на Чиле : 2 1989, 1990 Копа Либертадорес : 1 1991
Ал-Хилал Азиски куп на победниците на куповите : 1 1996-1997
Репрезентативни Југославија Светско првенство за играчи под 20 години : 1 Чиле 1987
Наводи
Надворешни врски
Мирко Јозиќ на transfermarkt Мирко Јозиќ на soccerway Мирко Јозиќ на worldfootball.net Мирко Јозиќ на eu-football
Категорија:Живи луѓе Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Хрватски фудбалски тренери Категорија:Тренери на ФК Коло Коло Категорија:Тренери на ФК Хајдук Сплит Категорија:Тренери на ФК Ал-Хилал Категорија:Тренери на ФК Њуел Олд Бојс Категорија:Тренери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Селектори на чилеанската фудбалска репрезентација Категорија:Селектори на хрватската фудбалска репрезентација Категорија:Родени во 1940 година