Историја на Бузау ― историјата на населеното место Бузау во Романија. Според романскиот археолог Василе Парван, реката Мусај (Μουσαίος) спомната во писмото од Јоан Соран, управник на Мала Скитија, до архиепископот на Кесарија Мазака (околу 400 г. н.е.) треба да се идентификува со денешната река Бузау. Документот, кој е чуван во копии во Ватиканската библиотека и Библиотеката „Св. Марко“ во Венеција, раскажува за мачеништвото на христијанскиот мисионер по име Сава, удавен од Готите во реката Мусај. Почнувајќи од 20 век, Сава е претставен како духовен покровител на градот Бузау, како и на неколку месни села.

Во Бузау се пронајдени неколку гробови (3-5 век), како и монети кои докажуваат присуство на населба на територијата на современиот град.

Пазарен град и епископија во средниот век мини|Улица „Куза Вода“, со кулата на Општинската зграда во позадина Најраното спомнување на Бузау како пазарен град (тарг) и царинска станица се наоѓа во документ, датиран на 31 јануари 1431 година, издаден од Дан II, војвода на Влашка. Во документот стоело дека продавачите од Брашов биле слободни да тргуваат во неколку влашки градови (меѓу нив и Бузау) исто како што биле за време на владеењето на Мирчеа I Батран. Овие привилегии подоцна биле засилени од Влад III Цепеш, кој изјавил дека патиштата што треба да ги следат продавачите треба да бидат: преку Рук'р, Прахова, Телеажен или Бузау.Petcu, 2002, pp. 23 Густав Трајбер, во своето дело „Бузау“ (Buzau), објавено во Siebenbürgische Vierteljahrsschrift (1935), наведува дека пред 12 век, градот бил опкружен со ѕид со четири порти кон четирите главни правци.

Во 1500 година, Раду IV Велики ја создал Епископијата Бузау, правејќи го градот духовно средиште во источна Влашка. Во 1507 година, Бузау се појавува (под името Боза) за прв пат на карта, направена од Николаус Германус. Во тоа време, градот бил четврти по големина град во Влашка и важен трговски партнер на Брашов. Помеѓу 1503 и 1515 година, продавачите од Бузау тргувале со стока во вредност од 2.245.835 акчињаPetcu, 2002, pp. 23 (османлиска валута). Документ од 1536 година покажува дека градот бил управуван од еден градоначалник (județ, жудец) и 12 избрани градски советници (pârgari).Petcu, 2002, pp. 24 Тунелите кои датираат од 16 век ги поврзуваат комплексот на епископијата, средиштето на градот и паркот „Кранг“ (во тоа време, само голема шума на периферијата на градот). Нивната улога била да складираат залихи и да ги евакуираат луѓето во случај на опасност. лево|мини| Банската црква. Во 1571 година бил подигнат Банскиот манастир. Името на Банскиот манастирот, ја означува благородничката титула на неговиот градител, бан Андроник Кантакузино. Манастирската црква била обновена од Андрејана, сопруга на Тербан Кантакузино, во 1722 година. По актот за секуларизација на монашкиот имот од 1863 година, манастирот бил разграден; нејзината црква, сепак, била поштедена.

Во документ од 1575 година, спомената е чаршијата (постојан пазар со дуќани, продавници, визби, складишта). Чаршијата во Бузау била втората најстара во Влашка. На крајот на 16 век, Бузау бил поделен на четири дела: епископијата со своите слуги, манастирот Бану и неговите слуги, стариот пазар и градот (се наоѓа помеѓу епископијата и манастирот).

Во последната деценија на 16 век, во Влашка се населиле околу 18.000 Срби. Неколку семејства го направија Бузау свој дом, со тоа што основале маало познато до денес по името „Срби“ и сместено на брегот на реката Бузау. Подоцна, во 1792–1838 година, многу бугарски бегалци се населиле во истото соседство.Petcu, 2002, pp. 27-34 Поради сличностите на мајчините јазици што ги зборуваат двете етнички групи, мештаните, новите бегалци и нив ги нарекоа Срби. На Бугарите им била дадена земја покрај реката каде што создале градинарски градини.

Последователни уништувања мини| Куќата на Вергу-Манаила, најстарата градба во Бузау, која датира од 1780-тите. Тоа е единствената зграда во Бузау која датира од времето на уништување на градот (17 и 18 век). Доцниот среден век донел бран на уништување во градот, Бузау бил целосно или делумно уништен од повеќе војни и странски воени инвазии, како и природни катастрофи.

Војската на Михај Храбриот се наоѓала во Бузау во 1596 година. По заминувањето на војската, градот бил опустошен во 1597 година од отоманските и татарските напади. Следната година Михај Храбриот им донел подароци на жителите на градот за да ја надомести штетата. Хроничарот Балтазар Валтер ја опишал татарската инвазија во 1597 година:

Во април 1616 година, многу куќи во Бузау биле изгорени за време на полската инвазија, за време на една од Молдавските војни на големците. Жителите се засолниле во блиските планини и шуми. На настанот биле изгубени сите постоечки тапии. Една година подоцна, во јули 1617 година, градот повторно бил заземен од османлиската војска.

Бузау повторно бил ограбен од Татарите во 1623 година, како што истакнал Матеј Басараб во писмото од 1633 година:

лево|мини| Најстариот забележан печат на Бузау (1831), покажувајќи феникс, симбол на повтореното преродување на градот по уништувањето. Османлиската инвазија во 1659 година повторно довела до запален и уништен градот, а месните жители биле заробени. Во 1679 година, Бузау повторно бил ограбен од Османлиите. Градот се обновувал секој пат, така што се појавувал на картата на Влашка од 1700 година, отпечатена во Падова од страна на столникот (болјарска титула) Константин Кантакузино. Картата покажува 22 други градови и пазарни градови во земјата.

По период на релативен мир, за време на кој епископијата била субвенционирана од страна на домниторот за да отвори училиште на грчки, а друго на словенски, во 1739 година, за време на Руско-османлиската војна од 1735-1739, руските трупи, како и козаците на Фрилов опустошиле низ Бузау, заземајќи го епископот со нив додека оделе.Petcu, 2002, p.31

За време на друга Руско-османлиска војна од 1768-1774, отоманските војници ги запалиле сите продавници и куќи, изгорејќи го градот до темел. Уништена е и епископската црква, а епископот привремено се преселил во Букурешт. Банскоманастирската црква избегнала уништување, за да биде уништена во 1774 година од земјотрес. Исто така, за време на Руско-османлиската војна од 1787-1792, градот повторно бил уништен.Petcu, 2002, p.33 Долгата низа штети предизвикани од војна продолжила во 1806 и 1807 година, кога османлиската војска го запалила градот до урнатини, оставајќи 230 мртви. Мештаните побегнале во долината на реката Нишков, од каде се вратиле дури во 1812 година.Petcu, 2002, p.34

Епидемиите на колера и бубонска чума на почетокот на 19 век, исто така, го десеткувале населението на градот (видете Караџова чума).

Последен пат градот бил уништен од војна во 1821 година во Грчката војна за независност .Petcu, 2002, p.35 После тоа, во светлината на воспоставувањето на органски регулативи, започнал период на реконструкција и осовременување. Исто така, Влашка престанала да биде место на воени зафати меѓу Отоманската Империја и Русија, судирите се оддалечувале, на Крим, Јужниот и Западен Балкан и Кавказ.

Така, иако името на Бузау со документи е потврдено како река со град на нејзините брегови, од 4 век и како пазарен град од 1431 година, најстарата зграда во градот е куќата на Вергу-Манаила, подигната неодамна во 18 век, околу 1780 година. Куќата на Вергу-Манаила во тоа време била во сопственост на високо рангиран болјар по име Вергу, кој поседувал гостилница и пекара во близина на куќата.

Развој во 19 век мини| Панаѓур во Бузау, акварел од 1869 година од Амедео Прециози. мини|Бузау, околу 1901 година. Во текот на 19 век, градот ги надминал тешкотиите на повторената реконструкција и почнал да се развива како современ град со солидни бизниси и културен живот. Шумата „Кранг“ станала слободно место за мештаните околу 1829 година и на крајот била организирана како јавна градина до 1850 година.

Почнале да бидат основани училишта, бидејќи во 1831 година епископијата отворила училиште за муралисти и иконописци, предводени од Николае Теодореску, а присуствувал и Георге Татареску. Една година подоцна, Националното училиште (првото училиште во Бузау во кое се учи на романски јазик ) било отворено, а во 1838 година Нормалното училиште (Școala Normală, училиште за наставници) било отворено од . Нормалното училиште обучувало наставници за градските училишта и за 115 села. Теолошкиот семинар во Бузау бил отворен во 1836 година. Тоа било прво средно училиште во Бузау и второ богословско училиште во Влашка, по она во Букурешт.

Најстариот познат попис во Бузау покажал, во 1832 година, вкупно население од 2567, од кои еден бил Австриец, еден Англичанец, 18 биле Евреи, а останатите Романци.

Околу 1837–1840 година, јавното осветлување било воведено на главната улица. Уличните светилки користеле свеќи од лој. До 1861 година, бројот на јавни улични светилки пораснал од 38 на 50. Во 1841 година, улиците биле преуредени „по урбани правила“.Petcu, p.40

До 1842 година, градот имал постојан лекар, аптека, повеќе пожарникари и службено овластена акушерка.

За време на Влашката револуција од 1848 година, веднаш по организирањето на владата во Букурешт во јуни, била создадена „Национална гарда“, надгледувана од Барбу и Николае Балческу. Меѓутоа, револуцијата била задушена од руските и османлиските сили, а Бузау бил заземен од руската војска три години. Руската армија накратко го зазела Бузау повторно во 1853 година за време на Кримската војна. По завршувањето на окупацијата, развојот на градот бил обновен.Petcu, p.123 лево|мини|300x300пкс| Ресторанот Crâng, изграден во 1897 година Приремените дивани организирани по Парискиот конгрес во 1856 година, големо мнозинство од претставниците на Бузау гласале за обединувањето на Влашка со Молдавија. Подоцна, по завршувањето на личната заедница на 5 февруари 1859 година, кнезо Александру Јоан Куза бил пречекан со ентузијазам од жителите на Бузау и бил убеден да ја помине ноќта во градот на пат од Јаш кон Букурешт. Новоизбраниот домнитор на Влашка и Молдавија го напушти градот следниот ден преку „Големата улица“ (Strada Mare), улица позната денес по името „Булеварот на обединувањето“ (Bulevardul Unirii).Petcu, p. 124

Зградите на улицата „Куза Вода“ (во тоа време позната како „Пазарна улица“ (Strada Târgului) биле подигнати помеѓу 1850 и 1880 година во стилот на комерцијалните згради во Југоисточна Европа од 19 век со двокатни згради со продавници на приземјето, и живеалиште на горниот кат.

Културниот живот процветал, бидејќи во 1852 година била одржана првата театарска претстава во Бузау. Во 1854 година, печатницата била увезена од страна на епископијата од Виена, а потоа била користена за печатење на Бузауската библија, четвртата романска библија (првите три се Букурешката библија во 1688 година, едната печатена во Блаж во 1792 година и другата печатена во Санкт Петербург во 1819 година).

Јавното осветлување било надградено во 1860 година со воведување на бензински светилки. Истата година, на куќите им биле доделени броеви на улиците, а улиците беа поплочени со камења. Болницата „Гарлаши“ (денес, Болница за инфективни болести) била отворена во 1865 година, како прва постојана градска болница.

Театарот „Молдавија“ бил отворен во 1898 година во зграда во средиштето на Бузау. Салата со 400 седишта било местото каде што важни романски уметници дошле и настапиле во Бузау, како Николае Леонард, и Џорџе Енеску. мини|Обелиск во паркот „Кранг“.