Кели Бријан (родена Кели Бријан Кларксон (англиски: Kelly Brianne Clarkson; 24 април 1982 година), ― американска пејачка, текстописец, тв-водителка и писателка. Таа победила во првата сезона од Американски идол во 2002 година по што склучила рекорден договор со RCA Records. Нејзиниот прв сингл, „A Moment Like This“ станал најпродаван сингл во САД за 2002 година. Бил вклучен во нејзиниот прв студиски албум, Thankful (2003). Нејзиниот втор студиски албум, Breakaway (2004) бил продаден во над 12 милиони примероци ширум светот и за него Кларксон освоила две Греми награди.

Песната „My Life Would Suck Without You“ од нејзиниот четврти студиски албум, All I Ever Wanted (2009) го држи рекордот за најголем скок до прво место во историјата на Hot 100 топ-листата (скок од 96 места: од 97-мо до прво место). Со петтиот студиски албум Stronger (2011) Кларксон станала прв изведувач кој двапати освоил „Греми награда за најдобар поп вокален албум“. Песната „Stronger (What Doesn't Kill You)“ станала нејзин најпродаван сингл ширум светот. Wrapped in Red бил најпродаван божиќен албум за 2013. Нејзиниот сингл, „Underneath the Tree“, ASCAP го прогласила за најпопуларна божиќна песна објавена во 21 век. Кларксон потоа објавила уште 4 студиски албуми: Piece by Piece (2015), Meaning of Life (2017), нејзиниот втор божиќен албум, When Christmas Comes Around... (2021) и нејзиниот десетти студиски албум, Chemistry (2023).

Кларксон била инструктор во Глас. Од 2019 година води сопственото ток-шоу, Шоуто на Кели Кларксон. Кели Кларксон има добиено три МТВ видео музички награди, три Греми награди, четири Американски музички награди, две награди од Академијата за кантри музика, седум дневни Еми награди, а има и своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Кларксон продала над 25 милиони албуми и 45 милиони синглови ширум светот. Таа станала прв музичар со песна на прво место на сите топ-листи од Билборд од поп, радиски хитови, радиски поп-хитови, кантри и денс топ-листата. Билборд ја прогласил Кларксон за „една од најголемите пејачки на поп-музика“, и ѝ ја доделил наградата Powerhouse, а VH1 ја ставил на деветнаесеттото место на нивната листа од 100 најдобри жени во музиката.

Животопис Кели Бријан Кларксон е родена на 24 април 1982 година во Форт Ворт, Тексас. Нејзините родители се развеле кога таа имала шест години. Кларксон има англиско, велшко, ирско и грчко потекло.Stated on Who Do You Think You Are?, July 23, 2012

Кларксон детството го поминала во Барлсон во Тексас. Во 7-мо одделение, еден наставник случајно ја слушнал како пее во ходникот и ја повикал да се приклучи во училишниот хор. Вклучувањето на Кели во хорот ја поттикнало нејзината желба да продолжи со музичка кариера, а по завршувањето на средно училиште, благодарение на учеството во државниот хор на Тексас, добила школарина од неколку универзитети, меѓу кои и престижниот музички колеџ Беркли. Но, Кларксон ги одбила понудите и решила сама да се пробие во музичкиот бизнис. Во 2001 година се преселила во Лос Анџелес.

Кариера

2002–2003: Американски идол и прв албум десно|мини| Кларксон кај меморијалниот споменик на Линколн во Вашингтон, на 11 септември 2002 година, по нејзината победа на Идол По враќањето во Берлисон во мај 2002 година, нејзините пријатели ја убедиле да оди на аудиција за првата сезона од реалити тв-серијата Американски идол: Потрага по суперѕвезда. На 4 септември 2002 година Кларксон победила на натпреварувањето.

Веднаш по победата на Американскиот идол, Кларксон потпишала договор со RCA Records, 19 Recordings и S Records, а музичкиот магнат Клајв Дејвис требало да биде извршен продуцент на нејзиниот прв албум. На 17 септември 2002 година, го објавила нејзиниот прв (двоен) сингл „Before Your Love"/"A Moment Like This“. Синглот дебитирал на 60-то место на Billboard Hot 100 топ-листата, а потоа се искачил на прво место. Соборил 38 години стар рекорд поставен од британскиот бенд Битлси за најголем скок до прво место. Станал најпродаван сингл за 2002 година во САД.

Првиот албум на Кели Кларксон, Thankful, бил издаден на 15 април 2003 година. Објавен за време на урбана R&B доминација, албумот бил добро прифатен од неколку критичари. Thankful дебитирал на прво место на Билборд 200 топ-листата и бил продаден во над 4,5 милиони примероци ширум светот.

„Miss Independent“ бил првиот објавен сингл од албумот, а по него Кларксон ги објавила и „Low“ и „The Trouble with Love Is“. За „Miss Independent“ Кларксон била номинирана за Греми награда за „Најдобра женска поп вокална изведба“.

Кларксон дебитирала на филм во музичката романтична комедија Од Џастин за Кели (англиски: From Justin to Kelly) во јуни 2003 година. Филмот бил слабо оценет од критичарите а слабо поминал и на кино-благајните, при што Кларксон објаснила дека таа била „договорно обврзана“ да го снима филмот и дека не ѝ се допаѓа. Во 2002 година, Кларксон, заедно со судиите од Американскиот идол, Пола Абдул и Ренди Џексон и водителите Брајан Данклеман и Рајан Сикрест, учествувале во првата епизода од осмата сезона од телевизиската хумористична серија MADtv. Таа исто така ја играла улогата на Бренда Ли во две епизоди од телевизиската драма Американски соништа (American Dreams) во 2003 и 2004 година. На 25 декември 2003 година, Кларксон учествувала на телевизискиот специјален натпревар Светски идол во Лондон, заедно со победниците од неколкуте телевизиски серии Идол ширум светот. Кларксон била договорно обврзана да учествува и таа ја изведе песната на Арета Френклин „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman“. Таа завршила како второпласирана со 97 поени.

2004–2006: Нов менаџмент и втор албум лево|мини| Кларксон за време на нејзината светска турнеја Breakaway на 15 ноември 2005 година, Канбера, Австралија За да се дистанцира од нејзиниот имиџ на Американски идол, Кларксон решила да се раздели со Фулер и 19 Management и ги ангажирала услугите на менаџерот за таленти Џеф Кватинец од компанијата The Firm. Таа се насочила кон рок-ориентирана музика со нејзиниот втор студиски албум, Breakaway. Дејвис бил извршен продуцент за албумот, а Кларксон напишала шест песни заедно со поп и рок текстописци како што се поранешните членови на групата Evanescence Бен Муди и Дејвид Хоџс, Кара Диогуарди, д-р Лук и Макс Мартин. Breakaway добил пофалби од критиката.

Breakaway бил издаден на 30 ноември 2004 година и станал најпродаван албум на Кларксон. Албумот станал трет најпродаван албум во САД и седми најпродаван албум во светот во 2005 година. Бил продаден во дванаесет милиони примероци ширум светот.

Од албумот биле објавени пет сингла. Насловната песна „Breakaway“ била објавена во јули 2004 година, како саундтрак за Дизниевиот филм Дневниците на принцезата 2 (англиски: The Princess Diaries 2: Royal Engagement) а во мај 2006 година бил повторно објавен како петти сингл од албумот. Другите синглови од албумот Breakaway: „Since U Been Gone", „Behind These Hazel Eyes", „Because of You" и "Walk Away" станале светски хитови. „Because of You“ станал најпопуларен сингл на Кларксон во светски рамки и се искачил на прво место на Европската топ100-листа за синглови и на топ-листите во Бразил, Холандија, Данска и Швајцарија. Според Mediabase, Кларксон бил најчесто емитуван музичар во 2006 година во САД.

Кели Кларксон добила многу награди и признанија за албумот Breakaway. Добила две Греми награди: за најдобра женска поп вокална изведба за „Since U Been Gone“ и награда за најдобар поп вокален албум. Таа, исто така, на MTV Video музичките награди две години по ред ја освоила наградата за „Најдобар спот од пејачка„ за „Since U Been Gone“ и „Because of You“. Вториот видео албум на Кларксон, Behind Hazel Eyes, бил објавен на 29 март 2005 година.

2007–2009: My December и All I Ever Wanted Третиот студиски албум на Кларксон, My December, бил издаден на 22 јуни 2007 година. На албумот се забележува посилното рок-влијание во споредба со претходниот албум на Кларксон. Кларксон го заменила Дејвис како извршен продуцент и ко-автор на сите песни. Таа одлучила да соработува со нејзините членови на групата, наместо со нејзините претходни продуценти и соработници. Продуцирањето и издавањето на албумот станале предмет на спор со RCA, а особено со Дејвис. Тој забележал дека на албумот му недостига професионален продуцент и сакал Кели да ги пресними песните, но таа го одбила. Кларксон се бранела: „Продадов повеќе од 15 милиони плочи ширум светот, а сè уште никој не слуша што имам да кажам“. Албумот имал позитивни оценки, но недоволната промоција поради неподготвеноста на RCA ја натерало Кларксон да го отпушти Кватинец и да ја откаже турнејата за поддршка на албуммот, My December Tour. Кларксон подоцна го ангажирала менаџерот Нарвел Блексток од Starstruck Management. Блексток бил сопруг на кантри-пејачката Риба Мекентајр, чија блиска пријателка била Кларксон. Кларксон подоцна му се извинила на Дејвис, и навела дека тој ѝ бил „клучен советник“ за нејзиниот успех. лево|мини| Кларксон и Риба Мекентајр за време на турнејата 2 Worlds 2 Voices во 2008 година алт=Kelly Clarkson, Women's World Awards 2009|мини| Кели Кларксон на Светските награди за жени 2009 година во Виена, Австрија Четвртиот албум на Кларксон, All I Ever Wanted, бил објавен на 10 март 2009 година. По контроверзите со нејзиниот претходен студиски албум кој се сметал за многу помрачен од нејзините два претходни албуми, Кларксон со All I Ever Wanted се вратила на поп-ориентираната музика. За да го направи тоа, Кларксон ги ангажирала нејзините претходни соработници Д-р Лук, Мартин и Диогуарди, а исто така со песни за албумот придонеле: Хауард Бенсон, Клод Кели, Рајан Тедер, Глен Балард, Мет Тисен и Кети Пери. All I Ever Wanted добил позитивни оценки од музичките критичари. За албумот Кели Кларксон била номинирана за најдобар поп вокален албум на 52-то доделување на Греми награди.

Од албумот биле објавени три сингла ширум светот. „My Life Would Suck Without You“, бил водечки сингл, станал светски хит и станал втор сингл на Кларксон на прво место на Billboard Hot 100. Синглот дебитирал на Billboard Hot 100 на 97-то место и следната недела се искачил на првата позиција, соборувајќи го рекордот за најголем скок до прво место за една недела, кој претходно го држел синглот „Womanizer“ од Бритни Спирс. Потоа ги објавила сингловите „I Do Not Hook Up“ и „Aready Gone“. По објавувањето на „Already Gone“ имало уште еден спор помеѓу Кларксон и RCA, откако таа ги увидела сличностите со песната „Halo“ од Бијонсе, а двете биле продуцирани од Тедер.

2010–2012: Stronger, Duets и Greatest Hits – Chapter One Кларксон снимила кантри дует со Џејсон Алдин, „Don't You Wanna Stay“, за неговиот албум од 2010 година My Kinda Party. Тоа била нејзина прва песна на прво место на Билбордовата „Топ-листа за кантри-песни“ и била продадена во над 2,7 милиони примероци, што ја прави најпродавана кантри-соработка во историјата. Песната добила многу признанија поврзани со кантри-музиката, а била и номинирана за Греми награда за најдобра кантри-изведба од дует или група. Во Stronger, петтиот студиски албум на Кларксон може да се забележи мало влијание на кантри-музиката, а исто така бил под влијание на Принц, Тина Тарнер, Шерил Кроу и Радиохед. На албумот работела со неколку продуценти, како: Грег Курстин, Естер Дин, Даркчајлд, Тоби Гад, Стив Џордан и Хауард Бенсон. Албумот бил објавен на 21 октомври 2011 година и дебитирал на второ место на Билборд 200. Исто така, албумот добил пофалби од критиката и во 2013 година Кели Кларксон освоила Греми награда за најдобар поп вокален албум, со што станала прв музичар кој двапати ја освоил наградата. мини|Кларксон настапува во Садбери, Канада, во 2011 година