Тополница (, Тополница) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот Округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото се наоѓало на најисточните падини на Беласица, веднаш јужно од денешната грчко-бугарска граница. Лежело на 1 км југозападно од пиринското село Тополница.

Историја Праисторија На околу 2 км јужно од селото во месноста Кременица (во околината на граничната пирамида бр. 63) од двете страни на грчко-бугарската граница е откриена доцнонеолитска населба наречена Драготин-Тополница.Promachon-Topolnica: A Greek-Bulgarian Archaeological Project.

Во Отоманското Царство Според османлиски дефтер од 1570 г. во селото Тополница живеело 21 христијанско домаќинство. Кон него се вбројани и 15 јуручки муслимански семејства кои во живееле како сточари во атарот.Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 600-602.

Во XIX век селото ова било чисто македонско село во Петричката Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тополница (Topolnitza) е село со 25 домаќинства на 80 жители Македонци.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Георги Стрезов го спомнал селото по вторпат и напишал за него:

Согласно статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 220 жители, сите Македонци-христијани.

На почетокот на XX век целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев во 1905 г. во Тополница живееле 224 Македонци, сите под Егзархијата. Имало бугарско основно училиште со еден учител и 36 ученици.

Според митрополитот Емилијан Мелнички на 7 февруари 1908 г. седумчлена чета на ВМОРО на чело со војводата Кочо (веројатно Кочо Хаџиманов) се се судрила со турска војска кај Тополница, губејќи неколку луѓе и документи.

Во Грција За време на Втората балканска војна во 1913 г. населението е прогонето од грчката војска. Тие се прешле преку границата во во Пиринска Македонија на 1 км од старото село и го основале селото Нова Тополница, кое во 1966 г. е преименувано во Тополница.

Старото село е обновено и во 1920 г. е попишано со 28 жители. Меѓутоа, селото наскоро било напуштено.

Во 1968 г. месноста е преименувана во Асимандо (Άσήμαντο).

Поврзано Драготин-Тополница Тополница (Пиринско)

Наводи

Категорија:Историски села во Синтика