Адам Џејмс Армстронг (роден на 10 февруари 1997 година, во Њукасл на Тајн) — англиски фудбалер, напаѓач на .
Технички карактеристики Брз, агилен централен напаѓач со ниско тежиште кое му овозможува брзо и лесно да ја менува насоката на движење, што го прави подобен по потреба да игра насекаде во напаѓачката линија, вклучувајќи ја улогата на втор напаѓач, а неретко играл и како крило на двете страни. Има остро око за постигнување голови и одличен удар од далечина.
Клупска кариера Њукасл Јунајтед Како навивач на Њукасл Јунајтед уште од најрана возраст, Армстронг му се приклучил на клубот на деветгодишна возраст и напредувал низ младинските категории.
На 28 јануари 2014 година, Армстронг за првпат бил повикан во првиот тим на Њукасл за натпреварот од Премиер лигата против Норич Сити на Кероу Роуд, но останал неискористена замена. Своето деби за страчките го направил околу месец дена подоцна; заменувајќи го Лук де Јонг во првенствениот пораз од Фулам, станал вториот најмлад играч кој заиграл за Њукасл после Казенга ЛуаЛуа.
На 24 септември 2014 година, Армстронг го започнал својот прв натпревар за Њукасл во натпреварот од третото коло на Лига купот против Кристал Палас. Њукасл го добил тој натпревар со 3-2 по продолженијата, а Армстронг асистирал за два гола на црно-белите. На 26 декември, тој го имал својот прв старт во натпревар од Премиер лигата, започнувајќи како партнер на Ајосе Перес во нападот во поразот со 3–1 од Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Вкупно во сезоната 2014-2015 одиграл 15 натпревари за Њукасл, неуспевајќи да постигне погодок.
Позајмиците во Ковентри, Барнсли и Болтон На 28 јули 2015 година, Армстронг бил позајмен на Ковентри Сити до 16 јануари 2016 година. На 8 август, тој го имал своето деби од соништата за Ковентри, постигнувајќи ги двата гола во победата со 2–0 над Виган Атлетик на Рико Арена во првото коло од новата сезона во Лига Еден. Импресивната форма со самото доаѓање во Ковентри ја потврдил следната недела кога во победата со 4-0 над Милвол постигнал уште два гола, од кои првиот од бил со прекрасен удар од преку 30 метри. На 2 јануари 2016, Армстронг го постигнал својот прв хет-трик во кариерата, во победата над Кру Александра со 5-0. Како резултат на импресивните настапи, на 14 јануари 2016 година, позајмицата на Армстронг била продолжена до крајот на сезоната, а истата ја завршил со 20 голови во 40 одиграни натпревари за Ковентри. На крајот од сезоната бил избран во Тимот на годината на Лига Еден.
Армстронг се вратил во Њукасл во летото 2016 година, но и покрај тоа што имал два настапи за клубот на почетокот на сезоната 2016-2017, на 30 август, тој бил испратен на нова позајмица, овојпат во Барнсли клуб кој се натпреварувал во Чемпионшип, истата лига како и Њукасл, по испаѓањето на страчките од Премиер лигата во претходната сезона. Своето деби за Барнсли го направил на 10 септември, влегувајќи како замена на местото на Рајан Кент во победата со 2-1 над Престон Норт Енд, во која го постигнал победничкиот гол за својот тим. Иако позајмицата првично била договорена на шест месеци, во јануари 2017, истата била продолжена до крајот на сезоната. Сезоната ја завршил со 34 одиграни натпревари и 6 гола за Барнсли во Чемпионшип, придонесувајќи клубот да обезбеди опстанок заземајќи комотна позиција во средината на табелата.
На 17 јули 2017 година, Армстронг се согласил за нова позајмица во Чемпионшип, овојпат во екипата на Болтон Вондерерс. За разлика од претходните две, овде тој не се снашол добро, постигнувајќи само еден гол во 23 натпревари за клубот. Поради тоа, на 4 јануари 2018, неговата позајмица во Болтон била прекината и тој привремено се вратил во својот матичен клуб Њукасл.
Блекбурн Роверс На 9 јануари 2018 година, Армстронг му се приклучил на позајмица до крајот на сезоната на "пропаднатиот" некогашен славен клуб и англиски шампион, Блекбурн Роверс, кој сега борејќи се за промоција во третото ниво на англискиот фудбал го барал патот кон славните минати денови. Неговото доаѓање се покажало како одличен додаток во нападот за Роверс, бидејќи младиот напаѓач постигнал 9 гола во 21 одигран натпревар, придонесувајќи за освојувањето на второто место во лигата и директната промоција во Чемпионшип. Дополнително за брзото и добро адаптирање на Армстронг во Роверс влијание имал и фактот што менаџер му бил Тони Моубрај, кој го тренирал претходно и во Ковентри.
На 6 август 2018 година, Армстронг се преселил во Блекбурн на трајна основа, откако потпишал четиригодишен договор со клубот, напуштајќи го на тој начин Њукасл засекогаш. Сумата на трансферот изнесувала 1,75 милиони фунти. Сепак, првата целосна негова сезона во Блекбурн била сиромашна, откако тој не успеал да ги понуди игрите од претходната сезона постигнувајќи само 5 гола во 44 натпревари за Блекбурн во Чемпионшип.
Затоа пак, почнувајќи од 2019 година, секоја следна сезона била подобра од претходната. Во сезоната 2019-2020, тој бил најдобар стрелец на Блекбурн со 17 гола на 48 натпревари, пред наредната година да дојде неговата најдобра сезона во кариерата. Во сезоната 2020-2021, Армстронг постигнал 28 гола во Чемпионшип, вклучувајќи три хет-трика против Викомб Вондерерс, Хадерсфилд Таун и Бирмингем Сити, завршувајќи како втор стрелец во лигата единствено зад Ајван Тони од Брентфорд кој постигнал 33. Сепак, и покрај головите на Армстронг, Роверс одиграле разочарувачка сезона во која останале далеку од позициите кои носат борба за промоција во Премиер лигата, што ги зајакнало шпекулациите за негово заминување од Ивуд Парк. Откако тоа и се случило во летото 2021, Армстронг го напуштил Блекбурн после 160 натпревари и 64 постигнати гола за клубот
Саутхемптон На 10 август 2021 година, Армстронг потпишал четиригодишен договор со Саутхемптон, во трансфер вреден околу 15 милиони евра. Трансферот на Сент Мерис за него значел и враќање во Премиер лигата, каде последниот настап го имал како 18-годишник во сезоната 2014-2015, заслужувајќи место повторно во елитната дивизија како награда за одличните игри во пониските лиги низ изминатите години.
Армстронг постигнал гол на своето деби за клубот, во поразот со 3-1 на гостувањето кај Евертон во првото коло на Премиер лигата. На 5 ноември 2021 година, Армстронг го постигнал својот втор гол во победата со 1–0 против Астон Вила, но до крајот на сезоната 2021-2022 не постигнал ниту еден гол повеќе, завршувајќи ја со 23 настапи и два гола.
Во сезоната 2022-2023, која завршила со испаѓање на светците од Премиер лигата, Армстронг одново постигнал само два гола во првенството, против Челси во победата со 2-1 и против Ливерпул во последното коло во ремито 4-4. Исто така, постигнал еден гол и во ФА Купот, во победата со 2-1 во третото коло над Кристал Палас по огромната грешка на голманот на Палас, Висенте Гуаитa.
Репрезентативна кариера Армстронг играл за сите младинските селекции на Англија од под 16 до под 21 година.
Во 2017 година, тој бил дел од англиската репрезентација под 20 години која го освоила Светското првенство во споменатата возраст во Јужна Кореја, на кое тој постигнал еден гол во победата од 3-0 против Аргентина во групната фаза.
Титули Репрезентативни Светско првенство за играчи под 20 години : 1 Јужна Кореја 2017
Статистика Статистиката е ажурирана на 10 април 2024.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2013-2014 Њукасл Јунајтед ПЛ 4 0 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 4 0 2014-2015 ПЛ 13 0 ФАКуп+ЛК 1+3 0 - - - - - - 17 0Вкупно Њукасл Јунајтед 17 0 4 0 0 0 0 0 21 0 2015-2016 Ковентри Сити ФЛ1 40 20 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - ТФЛ 0 0 40 20 2016-2017 Барнсли ФЛЧ 34 6 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 35 6 2017-јан. 2018 Болтон ФЛЧ 20 1 ФА Куп+ЛК 0+3 0+2 - - - - - - 23 3 јан.-јун. 2018 Блекбурн ФЛ1 21 9 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - ТФЛ 0 0 21 9 2018-2019 ФЛЧ 44 5 ФАКуп+ЛК 2+2 1+3 - - - - - - 48 92019-2020ФЛЧ4616ФАКуп+ЛК1+11+0 - - - - - -48172020-2021ФЛЧ4028ФАКуп+ЛК1+20+1 - - - - - -4329Вкупно Блекбурн 151 58 9 6 0 0 0 0 160 642021-2022 Саутхемтпон ПЛ 23 2 ФАКуп+ЛК 4+1 0 - - - - - - 28 22022-2023 ПЛ 30 2 ФАКуп+ЛК 3+6 1+0 - - - - - - 39 32023-2024 ФЛЧ 40 20 ФАКуп+ЛК 3+0 0+0 - - - - - - 43 20Вкупно во кариерата 263 86 17 8 0 0 0 0 280 94
Наводи
Надворешни врски
Адам Армстронг на soccerway Адам Армстронг на transfermakt Адам Армстронг на espn Адам Армстронг на whoscored
Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Њукасл Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Ковентри Сити Категорија:Фудбалери на ФК Барнсли Категорија:Фудбалери на ФК Болтон Вондерерс Категорија:Фудбалери на ФК Блекбурн Роверс Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Фудбалери на ФК Вест Бромвич Албион Категорија:Фудбалери на ФК Вулверхемптон Вондерерс Категорија:Родени во 1997 година