Копач или Копач Маала (, до 1927 г. Κοπάτσι, Копаци) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција. Било населено со македонско мнозинство и турско малцинство. Некои извори погрешно ги водат Македонците како Грци.
Географија Селото се наоѓа на западниот крај на Серското Поле, во подножјето на Богданска Планина. Лежи на левиот брег на реката Копач Дере.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX и почетокот на XX век Копач било село во Серската Каза.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Копач (Kopatch) имал 66 домаќинства со 160 Грци и 30 муслимани.
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Копач, погрешно сметајќи ги жителите за Грци:
Во 1891 г. Георги Стрезов дава правилна слика за населението:
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото имало 620 жители, сите Македонци христијани.БИМ
По погрешни податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Копач (Kopatch) живееле 400 „Грци“ и во селото работело грчко училиште со еден учител и 19 ученици.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 394 жители, а во 1920 г. се накачило на 481 жител. Во 1924 г. години во селото се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Копач е претставе како мешано село со 667 жители, од кои 47 лица (12 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.
Во 1927 г. Копач е преименуван во Верги по грчкиот изговор на античкиот град Берге согласно политиката на присвојување на древната историја на Македонија.
Во 1979-1982 г. е изградена црквата „Св. Илија“.
+ Месности во Копач преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Хаседеман Χασεδεμάν Дасотон Δασωτόν Аљобаси Άλιόμπαση Декакефалон Δεκακέφαλονвозвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Копач Телкиџик Τελκιτζίκι Микри Алепу Μικρή Άλεπούвозвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Копач (352 м) Кавак Дере Καβάκ Ντερέ Левкокорифи Λευκοκορφήвозвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Копач (326 м) Чалюр Јавре Τσαλιούρ Γιαβρέ Ангати Αγκάθιвозвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Копач (271 м) Плаја Πλάϊα Анавасис Άνάβασιςмесност на Ј од Копач Чамур Фјубра Τσαμούρ Φιουμπρά Ласопотопос Λασπότοποςвозвишение на Богданска Планина на З од Копач (154 м) Копач Дере Κοπάτσι Скапани Σκαπάνηпоранешно село на Богданска Планина на ЈЗ од Копач Кара Таш Καρά Τάς Маври Петра Μαύρη Πέτραвозвишение на ССЗ од Копач Копач Дере Κοπατσινό Скапанис Рема Σκαπάνης Ρέμαрека на С од Копач
Опшествени установи Црква „Св. Илија“
Личности Атанас Константинов (1890 – ?) — борец во МОО, IV чета на V Одринска дружина
Население
Наводи
Категорија:Визалтија