„Физика на тaгата“ е роман на бугарскиот писател, поет и драматург Георги Господинов од 2011 г.
Романот е издаден на бугарски јазик од издавачката куќа „Жанет 45“ во декември 2011 г. Романот е преведен на повеќе јазици а на англиски јазик во САД (The physics of sorrow) е издаден од издавачката куќа Опен Летер Букс (анг:Open Letter Books) во април 2015 г. во превод на Анџела Родел.The Physics of Sorrow Романот исто така е издаден на македонски јазик во 2015 од „Или-или“.
Во 2019 г. режисерот и аниматор Теодор Ушев го создал анимираниот филм „Физика на тагата“, чиешто дејство се се базира на романот.
Награди
Национална награда на Бугарија „Христо Г. Данов“ (2012) Наградата на Столична општина за остварувања во областа на културата, категорија „Литература“ (2012) Награда „Цветот на Хеликон“ за најпродавана бугарска книга (2013) Национална литературна награда за бугарски роман на годината „13 векови Бугарија“ (2013) Швајцарска литературна награда „Јан Михалски“ (2016)
Финалист е на четири европски фестивали:
Premio Strega Europeo Gregor von Rezzori Haus der Kulturen der Welt Preis Brücke Berlin Preis
Наводи
Категорија:Книги од 2011 година Категорија:Бугарска книжевност