„Карпошовата буна“роман за животот на Карпош — роман за деца од македонскиот писател Видое Подгорец. За првпат, книгата била издадена во 1983 година. Пишувана била од 1977 до 1983 година.
Содржинa Романот се состои од две книги со 15 и 12 глави, а дејствието го раскажува омнисцентен раскажувач. „Карпошовата буна е романизирана биографија на бунтовничкиот крал Карпош. Видое Подгорец со ова свое дело, дава исклучителен придонес кон приближувањето на читателот за историските случувања на ропскиот живот на Македонецот, но и борбата за подобар живот и бунтовноста на народот. Преку својот специфичен начин на раскажување Видое Подгорец, го оживува ликот на кралот на Куманово, неговите соборци и дава широка слика на случувањата од историјата. Историските факти се дадени преку темелно истражување, а портретирањето на ликовите е длабоко и човечно, со што им се дава во исто време и универзален карактер. Со оваа книга на Подгорец, Карпош децата освен како историска личност, го доживуваат и како јунак. Романот започнува со пролог/ запис на безимен монах од времето после Карпошовата буна. страдањето и неволјите на народот кој востанал. Секоја од главите има свој наслов, со кој се најавува содржината на главата.
Изданија на книгата Романот „Карпошовата буна“ има доживеано неколку изданија, како: Прво издание од 1983 година Второ издание од 1988 година: Во 1988 година, книгата била објавена како издание на издавачката куќа: „Наша книга“. Видое Подгорец, Карпошовата буна, Наша книга, Скопје, 1988.
Наводи
Категорија:Книги од 1983 година Категорија:Романи за деца Категорија:Дела на Видое Подгорец Категорија:Македонски романи Категорија:Појавено во 1983 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 1983 година Категорија:Изданија на Наша книга Категорија:Македонски книги за деца